Дневен ред на 42-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 1048/1
07.03.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 42-ра седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2007 година (среда), во просториите на Општина Велес со почеток во 12,оо часот.
Усвојување на Записникот од 39-та седница на Совет на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 42-ра седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог - завршна сметка  на Буџетот на Општина Велес за 2006 година
2.Годишен извештај  на Општина Велес за 2006 година
3.Предлог - одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување локација за депонија на земја, шут и друг отпаден  градежен материјал во Општина Велес
4.Предлог-одлука за утврдување на режимот на сообраќај на улиците „Маршал Тито“, „Гоце Делчев “, „Страшо Пинџур“ и  плоштадот.
5.Предлог-одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште  
6.Предлог-одлука за  уредување и одржување на јавните санитарни јазли.
7.Предлог – програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт, млади и поддршка на НВО секторот за 2007 година.
8.Предлог-завршна сметка  на Општинското основно училиште „ Васил Главинов “- Велес за 787 и 903 за 2006 година.
9.Предлог-завршна сметка на Општинското основно училиште  „Благој Кирков“- Велес  за 787 и 903 за 2006 година
10.Предлог-завршна сметка  на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“- Велес за 787 и 903 за 2006 година
11.Предлог-завршна сметка  на Општинското основно училиште  „Блаже Конески“- Велес  за 787 и 903 за 2006 година
12.Предлог-завршна сметка  на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот “- Велес за 787 и 903 за 2006 година
13.Предлог-завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари за 787 и 903 за 2006 година
14.Предлог-завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски –Буридан“ Иванковци за 787 и 903  за 2006 година
15.Предлог-завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Киро Димов“ Велес за 787 и 903  за 2006 година
16.Предлог-завршна сметка  на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“- Велес за 787 и 903  за 2006 година.
17.Предлог-завршна сметка  на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков “- Велес за 787 и 903  за 2006 година
18.Предлог-завршна сметка  на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“- Велес за 787 и 903  за 2006 година
19.Предлог-завршна сметка  за 2006 година на Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“- Велес за 787 и 903  за 2006 година.
20.Предлог- завршна сметка на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ за 2006 година
21.Предлог-завршна сметка за 2006 година на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес.
22.Предлог- листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други  инфраструктурни објекти во град Велес
23.Предлог- листа на имиња на улици во населените места на територијата на Општина Велес
24. Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.