Претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ја информира јавноста дека на ден 30.06.2015 година е потпишано Решението за свикување на 38-тата седница.
По претходната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот договорено е седницата да се одржи на 07.07.2015 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот.
За 38-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес.
Планскиот опфат за кој се изработува измена и дополна се однесува на два блока поврзани со магистрална улица “Благој Ѓорев” односно УБ 42 и УБ 59 согласно блоковската поделба на град Велес. Станува збор за дел од дворната површина на велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман” и просторот околу магацинските простори на ЈКП „Дервен” во населбата „Тунел”. Според предложеното решение се предвидува замена на гаражниот и магацински простор на јавното комунално претпријатие со простор за станбени згради во дел од дворот на велешката касарна. Вкупната површина што ја зафаќа планскиот опфат за измена и дополна од 43,06 хектари.
2. Предлог-одлука за утврдување потреба за проширување на планскиот опфат на ГУП за град Велес со УЗ „Мирка Гинева“- Превалец.
Со укинувањето на општите акти како планска документација, УЗ „Мирка Гинева“-Превалец која претставуваше населба остана вон опфат на урбанистичка документација.
Во меѓувреме во тек е изработка на нова планска документација - ГУП за град Велес, во која се предвидува проширување на опфатот во кое проширување УЗ „Мирка Гинева“-Превалец ќе влезе во опфатот на новата планска документација.
Согласно Законот за постапување на бесправно изградени објекти како и Правилникот за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко планска документација за секое поднесено барање за постапување со бесправно изграден објект, кој е изграден надвор од планскиот опфат, за негово вклопување во планската документација донесувањето на оваа одлука ќе биде основа за процесот на легализацијата.
Со оваа одлука ќе се дозволи проширувањето на опфатот во ГУП за Велес во кој ќе биде опфатена и УЗ „Мирка Гинева“-Превалец, и бесправно изградените објекти кои ги исполнуваат стандаридте согласно закон ќе бидат вклопени во планската документација.
3. Предлог-одлука за припојување на училиште од Превалец (подрачно при ООУ „Рајко Жинзифов“-Оризари) кон ООУ „Васил Главинов“ Велес (Иницијатива).
Оваа Одлука произлегува од Иницијативата за покренување постапка за припојување на училиштето од Превалец (подрачно при ООУ „Рајко Жинзифов“-Оризари) кон ООУ „Васил Главинов“-Велес, прифатена од Советот на Општина Велес. Во иницијативата е образложена потребата од нејзино донесување. Претходно на 36-тата седница Советот на Општина Велес ја разгледа изготвената анализа и донесе Заклучокот, дека истата е основа за дополнителни консултации со Министерството за образование и наука и останатите институции и засегнати страни. По превземените активности, изготвена е оваа Иницијатива со детални информации, мислења и чекори кои би се превзеле во понатамошниот период. Согласно прифатената анализа Советот е потребно да донесе и одлука за припојување на училиште од Превалец (подрачно при ООУ „Рајко Жинзифов“-Оризари) кон ООУ „Васил Главинов“ Велес.
4. Предлог-одлука за утврдување на интерес за основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт.
До неодамна Градскиот ракометен клуб Велес функционираше како здружение на граѓани и учествуваше во прва ракометна лига за мажи во натпреварувачките сезони 2013/2014 и 2014/2015 година. Поради тоа што истите постигнаа успех и се пласираа за влез во супер ракометната лига за мажи, за да можат да учествуваат во истата задолжително треба да се изврши пререгистрација на клубот. Согласно член 6-а и 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот (Службен весник на Р.М бр.18/11) , секој спортски клуб кој се натпреварува во највисок степен на натпревари во сениорска конкуренција, во спортови во кои се организира сениорски систем на натпревари во повеќе степени на фудбал, кошарка, ракомет и одбојка се регистрираат како акционерски друштва согласно Законот за трговски друштва.
5. Предлог-одлука за склучување Спогодба за основање на локален економско-социјален совет.
Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 19.05.2015 година донесе Одлука за основање на локален Економско-социјален совет на Општина Велес. Со донесувањето на оваа Одлука се смета дека формално правните услови за формирање на ЛЕСС се исполнети и целата постапка за формирање на ЛЕСС се завршува со потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС од страна на Градоначалникот на општината и официјалните претставници на социјалните партнери. Спогодба за формирање на ЛЕСС се разгледува и усвојува од страна на Советот на општината, пред истата да биде потпишана.
6. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение на „Хрвати Веритас Кроација“ Велес.
7. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение Еколошко друштво „Вила Зора“Велес.
8. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение Еколошката групација „Грин Пауер“Велес.
9. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение Извиднички одред „Димитар Влахов“ Велес.
10. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение„ Друштвото на родители за здраво поколение“ Велес.
11. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение спортски риболовци „Бабуна“ Велес.
12. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Хорлет“ Велес.
13. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на „Здружение на лица со церебрална парализа“Велес.
14. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Визија Центар за научна фантастика на Македонија“ Велес.
15. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Организација на жени“ Велес.
16. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Разбој“ Велес.
17. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Мото клуб носачи на крстот“ Велес.
18. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Стрип центар на Македонија“ Велес.
19. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Канаринец “ Велес.
20. Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија од објект на Здружение „Корисници на инвалидска пензија“Велес.
Општина Велес објави јавен повик број 27-2530/1 за пројавување на интерес за користење на простории во сопственост на Општина Велес, од страна на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации од Велес.
По разгледувањето на пријавите Комисијата изготви Информација за пројавување на интерес од страна на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации за користење на простории сопственост на Општина Велес, со која го запозна Советот за заинтересираноста на учесниците.
Во зависност од активностите што ги врши здружението и потребите од просторни можности, Комисијата му предлага на Советот на овие 15 здруженија да им се доделат простории кои се во сопственост на Локалната самоуправа.
21. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за расходување на ситен инвентар на ООУ „Благој Кирков“ Велес.
До Советот на Општина Велес пристигна допис од ООУ „Благој Кирков“ Велес за добивање на согласност на Одлуката за расходување на ситен инвентар донесена од Училишниот одбор.
Во прилог доставен е и Записник од Комисијата за отпис на ситен инвентар за расходување на демонтирани два парни котли со цевки за кои е константирано дека истите се неупотребливи, дотраени и нефункионални, поради ова се предлага донесување на вака предложеното Решение.
22. Предлог-решение за одобрување средства од Буџетот на Општина Велес.
До Советот на Општина Велес пристигна барање од жител на Општина Велес, самохран родител, кој бара помош за поправка на кровната конструкција од околу 20 м 2. Од страна на стручните служби излезено е на лице место и е изготвен предмер пресметка за изведба на градежни работи за санација на кров.
Од Планинарско друштво „Чеплес“ испратено е барање до СОВ за помош за реализација на експедицијата за искачување на врвот Мон Блан 4808 мнв Франција.
Кајакарскиот кану клуб Вардар до СОВ испрати барање за помош на натпреварувачите од сениорска репрезентација Енис Небиовски и Игор Стефановски кои ќе учествуваат на Европското натпреварување во период 24- 30 Август 2015 година во Краков Република Полска.
Кајакарскиот кану клуб „Гемиџии 903“ испрати предмет барање до СОВ со кое не известува за сите натпревари на кои ќе учествува нивниот член Љубомир Спасиќ за реализација на сите првенствени натпревари им се потребни средства и бара СОВ да им помогне за да може да учествуваат на сите натпревари.
Со последната 22-ра точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 38-та седница на Советот на Општина Велес.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат на 7-ми јули 2015 година.