Дневен ред на 44-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 1466/1
03.04.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалнатата сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 44-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 11.04.2007 година (среда), во просториите на Општина Велес со почеток во 12,оо часот.

Усвојување на Записникот од 41-та седница на Совет на Општина Велес
Усвојување на Записникот од 42-та седница на Совет на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д
за 44-та седница на Советот на Општина Велес

1.Решение за запирање од објавување на Одлуката за давање согласност за користење на дел од паркинг простор во ООУ „Блаже Конески“Велес.
2.Предлог-одлука за давање намена на дел од објект сопственост на Општина Велес во село Иванковци.
3.Предлог – одлука за измена и дополнување на Одлуката за отстапување на времено користење на просторија без надоместок.
4.Информација за начинот на избор на мобилни телефони за членовите на Советот на Општина Велес.
5.Информација за провалите во спомен – куќите на Кочо Рацин, Џинот и Касапови.
6.Информација за состојбите во Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“.
7.Информација за избор на најповолен понудувач за добивање на право за истакнување на реклами, објеви и огласи на јавни места.
8. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.