Дневен ред на 45-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 1739/1
23.04.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 45-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 30.04.2007 година (понеделник), во просториите на Општина Велес со почеток во 10,оо часот.

Усвојување на Записникот од 43-та седница на Совет на Општина Велес
Усвојување на Записникот од 44-та седница на Совет на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 45-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-решение за запирање од објавување на Решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
2.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први квартал 2007 година.
3.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за дел од Централно градско подрачје МЗ „Трајко Панов“ – Велес.
4.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за МЗ „Алексо Демниевски“- дел од локалитет „Керамидна“- Велес.
5.Предлог-одлука за намена на дел од објект сопственост на Општина Велес-објект во м.в. „Моша Пијаде“.   
6.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на локации, одржување и начин на користење на јавните паркиралишта на подрачјето на Општина Велес.
7.Извештај од делегирани надлежности од физичко лице во канцеларијата на Општина Велес во с.Горно Оризари.
8.Информација за состојбата со авто-такси превозот  на патници во Општина Велес.
9.Предлог-решение за распределба на средства за спортските клубови за 2007 година.
10.Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Организациониот одбор на културната манифестација Фестивал на Античка драма „Стоби“Велес.
11.Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р