Дневен ред на 46-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 2013/1
11.05.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 46-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 16.05.2007 година (среда), во просториите на Општина Велес со почеток во 09,оо часот.

  • Усвојување на Записникот од 45-та седница на Совет на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н    Р Е Д
за 46-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-одлука за измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за Урбана единица 2 Блок 1 и 2 езеро Младост - Општина Велес.
2.Предлог- одлука за формирање на Штаб за заштита и спасување во Општина Велес.
3.Предлог-одлука за давање на времено користење на недвижен имот-објект Градски базен.
4.Предлог-одлука за отстапување на трајно користење на книжен фонд.
5.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање намена на дел од објект сопственост на Општина Велес во село Иванковци.
6.Извештај за работата на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес за периодот од 01.01 до 31.03.2007 година.
7.Извештај за работата во првото тромесечие од 2007 година на ЈКП „Дервен“ – Велес.
8.Информација за безбедносната состојба во општинските училишта на територијата на Општина Велес.
9. Информација за активностите околу реализацијата на проeктот„МЕАП“.
10.Предлог-решение за распределба на средства од Буџетот на Општина Велес.


Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р