Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 43-та седница

Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев го презентираше дневниот ред на закажаната 43-тата седница

Почитувани,

На денешната пресконференција сакам да ја информирам велешката јавност дека денес 02.11.2015 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 43 седница.
За 43-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриските награди и признанија на Општина Велес за 2015 година.
2. Предлог-одлука за доделување на награда за животно дело „Гемиџии“ за 2015 година.
Согласно Одлуката за востановување и доделување на 9-то ноемвриски награди и признанија на Општина Велес, секоја година по повод 9-ти Ноември Денот на Општина Велес, за постигнати остварувања што преставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзин севкупен напредок и афирмација во повеќе области, се доставуваат поголем број на предлози.
По разгледувањето на предлозите Комисијата за општествени дејноти на СОВ му предлага донесување на Одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија за 2015 година. Признанијата ќе бидат врачени на свечена седница на Советот на Општина Велес одржана по повод 9-ти Ноември Денот на Општина Велес.
3. Предлог-одлука за доделување на награда за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2015 година.
СОВ во 2007 година донесе Одлука со која востанови награда за најстудент именувајќи ја како „ Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов “, објавена во („Службен гласник на Општина Велес“ бр.17/07),
Истата се доделува за најдобар успех постигнат во претходните академски години. По разгледувањето на предлозите, Комисијата за општествени дејности на СОВ му предлага донесување на Одлука за оваа награда, која ќе биде врачена на свечена седница на Советот на Општина Велес одржана по повод 9-ти Ноември Денот на Општина Велес
4. Предлог-програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2015/2016 година.
Секоја година пред започнување на зимската сезона му се предлага на СОВ да донесе Програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2015/2016 година.
Во истата се утврдуваат местата и локациите кои се предмет на одржувањето за овој период како и целите и задачите на сите учесници правни и физички лица, со цел да се извршува непречено сообраќајот во овој временски период.
5. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.
6. Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2016 година.
7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2016 година.
8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2016 година.
9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2016 година.
10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2016 година.
11. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2016 година.
12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2016 година.
13. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2016 година.
14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2016
година.
15. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2016 година.
16. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2016
година.
17. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со
јавноста и меѓународна соработка во 2016 година.
Од 5-тата до 17-тата точка предложени за разгледување на 43-тата седница на Советот на Општина Велес, се наоѓаат и Нацрт-програмите за работа на Општина Велес за 2016 година. Носењето на овие нацрт-програми не е законска обврска, но е потврда за добрата пракса која ја има воспоставено општината во поглед на транспарентното и отчетно работење.
По донесувањето на нацртите, ќе следат Јавните расправи на кои ќе се повикаат сите жители од подрачјето на општината кои сакаат да дадат свои предлози за реализација на Проекти за следната година, а потоа до петнаесетти ноември односно петнаесети декември треба да бидат усвоении дефинитивните Програми и Буџетот за следната година.
18. Предлог-решение за давање согласност за продолжување на времено користење на објект на Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 23.05.2015година донесе Одлука за давање на времено користење недвижна ствар на Центарот за вардарски плански регион, недвижноста се наоѓа на ул. „Шефки Сали“-(зграда на поранешно Радио Велес).
По донесувањето на оваа Одлука потпишан е Договор, во кој е предвидено дека просториите од недвижната ствар се даваат на користење за период од 5 години, без надоместок со можност за продолжување на рокот, по претходно дадена согласност од Советот на Општина Велес.
Во овој период Центарот за развој на Вардарски плански регион доби средства во висина од 1.848.097,00 денари за имплементација на проект одстрана на Министерството за локална самоуправа –Биро за регионален развој, овие средства се искористени за уредување на објектот односно преградување на внатрешни ѕидови, санација на подот, уредување на тоалети и др.
По добиеното барање на Центарот за развој на вардарски плански регион за продолжување на рокот за времено користење на објектот се предлага донесување на ова решение.
19. Советнички прашања
Согласно деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
Со последната 19-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 43-та седница на Советот на Општина Велес.
Ви благодарам