СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДРЖУВА СВОЈАТА 44-ТА СЕДНИЦА

Претседателот на Советот на Општина Велес информирам велешката јавност дека денес 13.11.2015 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 44 седница.

За 44-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2015 година до 30.09.2015 година.

Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за извештајниот период е направен согласно Законот за финансирање на ЕЛС. Во овој извештај за временскиот период од 01.01. до 30.09.2015 година, се внесени податоците за планираните тековно-оперативни и капитални приходи и расходи на годишно ниво, а реализацијата е до 30.09.2015 година.

2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2015 година.
Согласно именувањето и ангажирањето на Проект-менаџерот во м. Октомври преку Агенцијата за времени вработувања се јави потреба од пренамена во Буџетот на О.Велес, во колоната Донации од потставка 425990-Други договорни услуги на потставка 427110-Времени вработувања.

3. Предлог-одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот за КО Отовица.

4. Предлог-одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот за КО Велес.

Општина Велес со цел непречено да ја продолжи постапката за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на катастарски парцели во сопственост на Република Македонија и поефикасно да ја завши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е истите да бидат без товар односно да нема прибележување-корисничко право на физичко или правно лице. Откако, Советот на Општина Велес ќе ги донесе вака предложените одлуки истате ќе бидат доставени во Министерството за финансии–имотно правни работи со барање да биде спроведена постапка за одземање на корисничкото право и ослободување на товар. По донесувањето на решението во оваа постапка, ќе се изврши бришење на товарот од ИЛ во Агенцијата за катастар на недвижности и права.

5. Предлог-одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Отовица, Општина Велес за кое нема урбанистички план.

Со донесувањето на оваа Одлука за село Отовица, ќе се задоволи потребата на граѓаните за барање за одобренија за градење. Планскиот опфат ќе значи дека овој простор се формира како земјиште за градба и ќе се олесни постапката за издавање на одобренија за градење како и ќе се забрза процесот на легализација на бесправно изградените објекти.

6. Предлог-одлука за еднократен отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.

Од страна на Комисијата за постапување по барања за еднократно отпишување на долговите на граѓаните формирана од Владата на Република Македонија до Општина Велес беа испратени поединечни Одлуки за еднократен отпис на долг на физички лица од Општина Велес. Согласно Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, Единицата на локалната самоуправа донесува акт за отпис на долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување. По донесувањето на оваа одлука истата се доставува до должникот и до ЕВН Македонија.

7. Предлог-Програма за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2015 година.

Оваа Програма за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2015 година се донесува како нова заради стапување на сила на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање. По препорака на Министерството за транспорт и врски, а заради стапување во сила на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање не постои можност за измена и дополна на постојната Програма, туку истата треба да се донесе како нова. Новата Програма ја содржи основната Програма, како и сите измени и дополнувања, а истата е дополнета и со прифатените иницијативи за изработка на урбанистички планови по Огласот од 01.09.2015 година.

8. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2016 година.

9. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.

10. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2016 година.

11. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2016 година.

12. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2016 година.

13. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2016 година.

14. Предлог-програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности за 2016 година.

15. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2016 година.

16. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2016 година.

17. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2016
година.

18. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2016 година.

19. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2016 година.

20. Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2016 година.

21. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка во 2016 година.

Од 8-та до 21-та точка на дневниот ред се наоѓаат предлог-програмите за работа на Општина Велес во 2016 година.

Програмите за работа на локалната самоуправа за наредната година се краткорочни развојни документи и претставуваат оперативни планови за работа со кој е програмирана целокупната работа на општината.Тие се подготвуваат за да бидат носител и столб на сите процеси кои се планираат и ќе се реализираат во текот на 2016 година.
Во интерес на транспаретното и јавно работење, Општина Велес во изминатиов период носењето на програмите за работа, го реализираше во неколку фази.
Најпрво се најдоа на разгледување пред советниците како нацрт-програми, за потоа истите да бидат предмет и на јавни расправи каде што граѓаните и преставниците на разни здруженија, организации и граѓани имаа можност да презентираат свои размислувања и предлози. Целта на овие јавни расправи е томкму во правец на постигнување што поголема отчетност и прецизност во информирањето на граѓаните каде се трошат средствата на локалната самоуправа.
Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес до 15 ноември е должен да ги донесе предлог-програмите за активностите на Општина Велес во 2016 година, кои ќе бидат дел и од Буџетот за наредната година.

22. Предлог-решение за разрешување и именување на претставник на Општина Велес за член на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски-Буридан“с. Иванковци.

Од директорката на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ пристигна допис со кој се бара да се разреши досегашен член на училишниот одбор поради изминување на мандатот. Согласно законските одредби на Законот за основно образование училишниот одбор е составен од девет члена, и тоа: тројца претставници од наставниците,стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите на учениците, двајца претставници од основачот и еден претставник од Министерството. Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години. Во таа насока, на оваа седница на Советот ќе биде именува нов член во овој Училишен одбор.

23. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за расходување на ситен инвентар на ООУ „Благој Кирков“ Велес.

До Советот на Општина Велес пристигна допис од ООУ „Благој Кирков“ Велес за добивање на согласност на Одлуката за расходување на ситен инвентар донесена од Училишниот одбор. Во прилог доставен е и Записник од Комисијата за отпис на ситен инвентар за расходување на демонтирани пет радијатори за кои е константирано дека истите се неупотребливи, дотраени и нефункионални и се заменети со нови при реновирање на тоалетите во училиштето, поради ова се предлага донесување на вака предложеното Решение.

Со последната 23-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 44-та седница на Советот на Општина Велес.