СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДРЖУВА СВОЈАТА 45-ТА СЕДНИЦА

Претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ja информира јавноста дека денес 04.12.2015 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 45 седница.

За 45-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

1.Советнички прашања.

Согласно деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.

2.Нацрт-Буџет на Општина Велес за 2016 година.

Општина Велес подолг период Буџетот и програмите ги носи во две фази, и тоа: нацрт верзија која по седницата на Советот на општината се разгледува на јавни расправи со претставници на локални установи и институции, здруженија на граѓани, урбани и месни заедници и предлог-верзија, кои по усвојувањето се конечни.
Toa веќе беше случај со Програмите за работа на Општина Велес во 2016 година. Во тој правец, на 45-тата седница на Советот ќе се најде на разгледување и Нацрт-буџетот на општината за 2016 година, кој потоа ќе биде предмет и на јавна расправа.
Носењето на овој нацрт-буџет не е законска обврска, но е потврда за добрата пракса која ја има воспоставено Општина Велес во поглед на транспарентното и отчетно работење.

3.Предлог-одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2015.

Согласно добиеното барање од Општинското основно училиште „Благој Кирков” Велес, во Буџетот на Општина Велес за 2015 година во колоната за Донации се врши проширување на средствата во износ од 98.109 денари. Средствата ке бидат потрошени за реализација на Проектот Happy hearts never get old. Исто така во колоната за дотации, се врши пренамена од неколку аналитички конта во потставката –Основни плати -други вработени во износ од 150.000 денари.

4.Предлог-одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Црквино, Општина Велес за кое нема урбанистички план.

Со донесувањето на оваа Одлука за село Црквино ќе се задоволи потребата на граѓаните за барање за одобрување за градење. Планскиот опфат ќе значи дека овој простор се формира како земјиште за градба и ќе се ослесни постапката за издавање на одобренија за градење како и ќе се забрза легализацијата на бесправно изградените објекти.

5.Предлог-одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2015/2016 година, по Извештај на Комисијата.

Советот на Општина Велес ги определи членовите на Комисија за стипендирање на талентирани ученици и студенти. Истата имаше за задача врз основа на својот Деловник за работа да спроведе јавен конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2015/2016 година. Конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти во учебната 2015/2016 година, беше објавен на 08.10.2015 година и се пријавија вкупно 30 ученика и студенти.
По разгледувањето на доставените пријави од кандидатите 19 ученици и 11 студенти, Комисијата врз основа на критериумите и начинот на бодирање, му предлага на Советот на Општина Велес за учебната 2015/2016 година да ја донесе вака предложената предлог Одлука согласно извештајот на
Комисијата.

6.Предлог-одлука за еднократен отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.

Од страна на Комисијата за постапување по барања за еднократно отпишување на долговите на граѓаните формирана од Владата на Република Македонија до Општина Велес беа испратени поединечни Одлуки за еднократен отпис на долг на физички лица од Општина Велес. Согласно Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните.
Единицата на локалната самоуправа донесува акт за отпис на долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување. По донесувањето на оваа одлука истата се доставува до должникот и до ЕВН Македонија.

7.Извештај за реализација на Kултурната манифестација XII-ти Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2015 година.

Организаторот на 12-тиот Интернационален фолклорен фестивал „Велес” според одлуката на Советот и Договорот за делегирана надлежност должeн е да достави извештај за реализацијата на фестивалот. Овој извештај ги вклучува сите аспекти од спроведувањето на настанот вклучувајќи го и финансискиот сегмент. Истиот е во насока на јавно и транспарентно презентирање на реализираното во рамките на манифестацијата која Општина Велес ја поддржува и финансира веќе 12 години по ред.

8.Извештај за работата со финансиски резултати на Јавното
претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година.

9.Извештај за работа на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес за период од I –IX месец 2015 година.

Извештаите за работата на ЈПССО „Парк Спорт” и ЈКП „Дервен“ го прикажуват работењето на претпријатијата во текот на првите девет месеци од оваа година и истите ги содржат основните податоци за работењето заедно со финансиските показатели. Овие документи се претходно усвоени од страна на Управните и Надзорните одбори на двете претпријатија.

Со последната 9-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 45-та седница на Советот на Општина Велес.