Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-2251 /1
23.05.2007 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 47-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 28.05.2007 година (понеделник), во просториите на Општина Велес со почеток во 12,оо часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 47-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за кампување покрај езерото „Младост“Велес.
2.Предлог-план за заштита и спасување од пожари на отворен простор.
3.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за урбанистички планови и урбанистичка документација за населени места во Општина Велес за 2007 година.
4.Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на цените за депонирање на градежен отпад општинската депонија за градежен отпад.
5.Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на почетни цени под закуп на угостителските шанкови во пливачкиот базен за летната сезона 2007.
6.Предлог-решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на висината на влезницата за користење на базенот од страна на граѓаните за летната сезона 2007.
7.Информација за податоците од епидемиолошкото проучување на токсичните ефекти на оловото при професионална изложеност на вработените од МХК "Злетово".
8.Информација за раководните органи во Урбаните и месните заедници, просторот со кој располагаат и кои здруженија на граѓани и други лица користат простории.
9.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски