Претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ja информира јавноста дека денес 29.03.2016 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 15:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 50 седница.
За 50-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Советнички прашања.
Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
2. Предлог-Буџетски календар за 2017 година.
Согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, од страна на Советот на Општината, потребно е да се утврдат обврските на локалната самоуправа по однос на донесување на буџетскиот календар.
Истовремено со буџетскиот календар се утврдуваат основните активности кои треба да се спроведат во утврдени рокови со цел да се изврши добра подготовка и планирање на буџетот за наредната 2017 година. Календарскиот процес отпочнува со почетокот на фискалната година и завршува со усвојувањето на Предлог-Буџетот за наредната година.
При изготвувањето и донесувањето на буџетскиот календар, Советот на Општината мора да се води од рамките и роковите утврдени со Законот за буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, но и да ги има во предвид спецификите на сопствената општина. Развивањето на детален распоред за еден сложен процес како што е подготовката на буџетот претставува значајна умешност во усогласувањето на самиот процес.
Навременото донесување на буџетскиот календар на општината, е уште еден услов за остварување на успешен буџетски процес.
3. Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за УЕ 1 УБ 3, Општина Велес.
Плански опфат, граница и површина на ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес, се следните:
- исток: осовината на магистралната ул. „1”
- југ: собирна ул. „2” и
- запад: границата на плански опфат на град Велес.
Вкупна површина на планскиот опфат изнесува 21,65 ха. Основната намена на просторот на локалитетот е:
Г – Производство, дистрибуција и сервиси, односно Г.2 – Лесна индустрија.
Д.2 – Заштитно зеленило.
Е.1 - Сообраќајна инфраструктура (улици, колско пешачки пристапи).
Е.2 - Комунална супраструктура (трафостаници).
4. Предлог-одлука за донесување урбанистички план вон населено место за стопански комплекс со класа на намена Г2, Г3 и Г4, на локалитет м.в. “Кумсал” , КО Мамутчево Општина Велес.
Плански опфат, граница и површина на УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО за стопански комплекс со класа на намена, Г2, Г3 и Г4, на локалитет; м.в. „Кумсал”, КО Мамутчево, Општина Велес, се следните:
- исток - граничи со граница на К.О.Каратманово;
- запад - граничи со постоен локален-општински патен правец (за с. Мамутчево) и КП 1481;
- север- граничи со железничка пруга Велес - Кочани и КП 1536;
- југ- граничи со дел од граница на К.О.Каратманово магистралниот патен правец Велес- Кочани-Делчево-Р. Бугарија (А-3);
Вкупна површина на планскиот опфат изнесува 67,31ха.
Инаку, индустриската зона „Мамутчево” ќе биде трета во Општина Велес, како дел од вкупните напори за забрзан економски развој на регионот. Досега во „Речани 2” и „Караслари” беа продадени сите парцели. Вкупната површина на индустриските зони во Велес изнесува над 100 хектари.
5. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д2 (Заштитно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
До Општина Велес поднесени се барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени на катастарски парцели кои се наоѓаат на земјиште чијашто класа на намена согласно Генералниот урбанистички план на град Велес е Д2- Заштитно зеленило. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена Д2-Заштитно зеленило во класа на намена А1-Домување во станбени куќи. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на правен статус кои пртставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
6. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект „Пристапен пат за село Сливник“.
Со оваа Одлука Советот на Општина Велес утврдува приоритет на проектот „Пристапен пат за село Сливник“ по нејзино донесување Општина Велес ќе исполни еден од критериумите за учество на повикот за проекти од мерката 124 на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во 2013 година, во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година, Општина Велес доби 3 проекти од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кои беа изградени пречистителна станица во селото Раштани, улица во селото Иванковци и беше поставена урбана опрема на езерото Младост.
Во 2015 година, во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, Општина Велес аплицираше 3 проекти кои беа одобрени и истите започнаа да се реализираат во 2016 година. Со овие проекти, Општина Велес започна да се гради водоснабдувањето на село Чалошево од градскиот водоснабдителен систем и селска разводна мрежа, Изградба на улици во село Иванковци и поставување на урбана опрема на постоечки плоштад во село Иванковци како и поставување на урбана опрема на дел од пешачката патека на езеро Младост.
Целта е да се подобри квалитетот на живот во руралните средини, да се намалат разликите помеѓу урбаните и/или руралните средини во Општина Велес и подобрување на конкурентноста на руралните средини.
Имплементацијата на овој проект е од клучно значење за руралните средини и е директна поддршка во насока на исполнување на насоките и препораките на стратегијатата за ЛЕР односно со точка 4.3 од стратегијата за ЛЕР со конкретните насоки во кои поддршката и развој на земјоделието како и понатамошниот развој на комуналната и социјалната инфраструктура се пропулзивна можност за развој на локалниот економски развој со која директно ќе се поддржат земјоделците од овие села и дополнително ќе се поттикне развојот на земјоделието.
Одлуката е потребна за поднесување на апликацијата.
7. Предлог-одлука за одобрување на проектна предлог апликација за ИНТЕРЕГ ПРОГРАМАТА НА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА (Активности за отпор и одбивање против поплави, акроним Поплава РЕ2 Акција).
Со оваа Одлука, Советот на Општина Велес му одобрува на Градоначалникот и Општината да земат учество во повикот на Управниот орган на Европската територијална програма за соработка, на Министерството за економија, развој и Туризам, во 1-виот повик, реф. Бр. 302127/MA5563 & 302128/MA5567, Код F1, ги поканува сите потенцијални конечни корисници, да поднесат проектни предлози за учество на ИНТЕРЕГ ИПА ПРЕКУГРАНИЧНАТА ПРОГРАМА ЗА СОРАБОТКА.
Во 2014 година, во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција, Општина Велес доби средства од ЕУ за имплементација на проектот „Енерџинет“ во висина од 147.500 евра. Проектот веќе се реализира во соработка со општини од Грција.
Апликацијата на новиот јавен повик претставува продолжување и проширување на заедничката соработка со грчките партнери во програмата. Општина Велес веќе има позитивно искуство со започнувањето на проект финансиран од ЕУ ИПА прекуграничната соработка, целта е да се продолжи со активна партиципација и зајакнување на соработката со грчките партнери, добивање на значителни финансиски средства за подобрување на општинските услуги како и подобрување на условите за живот во самата општина.
Проектот кој веќе се реализира во Општина Велес од ИПА прекуграничната соработка финансиран од ЕУ, а Советот на Општина Велес даде согласност за реализација на истиот е „ЕНЕРЏИНЕТ“ проект со кој Општината доби средства за интервенција во пет од шесте клона на детската градинка „Димче Мирчев“ со термоизолациони фасади, СЕАП стратегија за енергетска ефикасност, енергетска контрола(елаборат) за шестиот клон во градинката.
Проектот опфаќа:
- испитување на земјиште за изградба и реконструкција на мост во населба речани
- Изработка на систем за донесување на одлуки преку набавка на GIS систем и Web-GIS платформа
- поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација
- изработка на Cross platform mobile апликација
- едукација на носителите на одлуки и населението
- воспоставување на систем за предупредување Aerial sensing system (UAV)
Донесувањето на оваа Одлука е потребна за поднесување на апликацијата.
8. Предлог-одлука за одобрување на проектна предлог апликација за ИНТЕРЕГ ПРОГРАМАТА НА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА (Заедницата за Општеството, акроним КомСок).
Со оваа Одлука се дава одобрување на проектната предлог апликација за ИНТЕРЕГ ПРОГРАМАТА НА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА која се доставува до Управниот одбор на Европската територијална програма за соработка на Министерството за економија, развој и Туризам, по 1 виот повик, реф. Бр. 302127/MA5563 & 302128/MA5567, Код F1.
Во 2014 година, во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција, Општина Велес доби средства од ЕУ за имплементација на проектот „Енерџинет“ во висина од 147.500 евра. Проектот веќе се реализира во соработка со општини од Грција.
Апликацијата на новиот јавен повик претставува продолжување и проширување на заедничката соработка со грчките партнери во програмата. Општина Велес веќе има позитивно искуство со започнувањето на проект финансиран од ЕУ ИПА прекуграничната соработка, целта е да се продолжи со активна партиципација и зајакнување на соработката со грчките партнери, добивање на значителни финансиски средства за подобрување на општинските услуги како и подобрување на условите за живот во самата општина.
Проектот кој веќе се реализира во Општина Велес од ИПА прекуграничната соработка финансиран од ЕУ, а Советот на Општина Велес даде согласност за реализација на истиот е „ЕНЕРЏИНЕТ“ проект со кој Општината доби средства за интервенција во пет од шесте клона на детската градинка „Димче Мирчев“ со термоизолациони фасади, СЕАП стратегија за енергетска ефикасност, енергетска контрола(елаборат) за шестиот клон во градинката.
Проектот опфаќа
- реконструкција на школо (поранешна зграда на ООУ „ЈХК – Џинот“)
- отворање на центар за помош на млади лица со посебни потреби
- поддршка на програми за помош на стари лица
Донесувањето на оваа Одлука е потребна за поднесување на апликација.
9. Предлог-одлука за одобрување на проектна предлог апликација за ИНТЕРЕГ ПРОГРАМАТА НА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА (Активност и подготовка на заедниците, акроним АПреКом).
Со оваа Одлука, Советот на Општина Велес му одобрува на Градоначалникот и Општината да земат учество во повикот на Управниот орган на Европската територијална програма за соработка, на Министерството за економија, развој и Туризам, во 1-виот повик, реф. Бр. 302127/MA5563 & 302128/MA5567, Код F1, ги поканува сите потенцијални конечни корисници, да поднесат проектни предлози за учество на ИНТЕРЕГ ИПА ПРЕКУГРАНИЧНАТА ПРОГРАМА ЗА СОРАБОТКА.
Во 2014 година, во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција, Општина Велес доби средства од ЕУ за имплементација на проектот „Енерџинет“ во висина од 147.500 евра. Проектот веќе се реализира во соработка со општини од Грција.
Апликацијата на новиот јавен повик претставува продолжување и проширување на заедничката соработка со грчките партнери во програмата. Општина Велес веќе има позитивно искуство со започнувањето на проект финансиран од ЕУ ИПА прекуграничната соработка, целта е да се продолжи со активна партиципација и зајакнување на соработката со грчките партнери, добивање на значителни финансиски средства за подобрување на општинските услуги како и подобрување на условите за живот во самата општина.
Проектот кој веќе се реализира во Општина Велес од ИПА прекуграничната соработка финансиран од ЕУ, а Советот на Општина Велес даде согласност за реализација на истиот е „ЕНЕРЏИНЕТ“ проект со кој Општината доби средства за интервенција во пет од шесте клона на детската градинка „Димче Мирчев“ со термоизолациони фасади, СЕАП стратегија за енергетска ефикасност, енергетска контрола(елаборат) за шестиот клон во градинката.
Проектот опфаќа
- изградба на канализација во с. сливник (најважно)
- мапирање на активности на ниво на планирање
- вежби за спасување на населението
- подобрување на волонтаризмот кај населението
- Едукација на населението
- Изработка на алатки за спасување на населението
Донесувањето на оваа Одлука е потребна за поднесување на апликацијата.
10. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес во 2016 година.
Со Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година во глава VII Начин на распределба на средствата за финансирање за изградба и одржување на инфраструктура е уреден начинот на наплатување на надоместокот за уредување на градежно земјиште по принцип на одложено плаќање, на еднакви месечни рати.
По барање на инвеститори за големи капитални проекти се наложи потреба надоместок за уредување на градежно земјиште кој треба да биде уплатен на сметка на општината, а е во повисок износ од претходно утврдениот во Програмата, да се овозможи промена на “праговите” врзани во зависност од висината на долгот и рокот на одложеното плаќање.
Со ова се предлага да се избришат двете потточки од точка 12. каде се утврдува прагот и рокот на плаќање и се овозможи на инвеститорите на одложено плаќање да се изврши уплатата на утврдениот надоместок, а при тоа должни се да обезбедат и банкарска гаранција.
Со последната 10-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 50-тата седница на Советот на Општина Велес.
Ви благодарам!