Дневен ред на 48 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 2525/1
07.06.2007 година
Велес

рз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 48-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 12.06.2007 година (вторник), во просториите на Општина Велес со почеток во 12,оо часот.
Усвојување на Записникот од 46-та седница на Совет на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 48-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за дел од локалитет Керамидна „А“ Велес.
2.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за измена на режимот на сообраќајот на улица „Благој Ѓорев“ и ул „Алексо Демниевски“ во Велес.
3.Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за утврдување на корисници за користење на простории.
4.Предлог-решение за разрешување и именување на член на Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“ Велес.
5.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на почетни цени за издавање под закуп на угостителски шанкови во Градскиот базен за летната сезона 2007 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р