Дневен ред на 49-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-2759/1
20.06.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам


РЕШЕНИЕ
за свикување на 49-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден  26.06.2007 година (вторник), во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.

Усвојување на Записникот од 47-та седница на Совет на Општина Велес
Усвојување на Записникот од 48-та седница на Совет на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н    Р Е Д
за 49-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-решение за запирање од објавување на Одлука за измена на Одлуката за измена на режимот на сообраќајот на улица „Благој Ѓорев“ и улица „Алексо Демниевски“ во Велес.
2.Предлог-деловник за работа на Советот на Општина Велес.
3.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката  за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2007 година.
4.Предлог-одлука за утврдување  на  Нацрт измена и дополнување на дел од Детален урбанистички план „Димитар Влахов“ Б8,Б9,Б10,Б11 и Б12- Општина Велес.
5. Предлог-одлука за усвојување на Етички кодекс на локалните функционери во Република Македонија.
6.Советнички прашања.

 

Со почит,


ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р