СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДРЖУВА СВОЈАТА 52-РА СЕДНИЦА

Претседателот на Советот на Општина ВелесАлександар Колев ja информирајавноста дека денес 30.05.2016 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 52 седница.
За 52-рата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) квартал од 01.01.2016 година до 31.03.2016 година.
Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за извештајниот период е направен согласно Законот за финансирање на ЕЛС. Во овој извештај за временскиот период од 01.01. до 31.03.2016 година, се внесени податоците за планираните тековно-оперативни и капитални приходи и расходи на годишно ниво, а реализацијата е до 31.03.2016 година.
2. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 36 и дел од УБ 37, УЕ VI, Општина Велес.
Со планската документација се изработува Детален урбанистички план за дел од УБ 36 и дел од УБ 37, УЕ VI , Општина Велес, за плански период 2015-2020 год.
При утврдувањето на границите на планскиот опфат, почитувана е постојната состојба на уличната мрежа или постојни сообраќајни коридори, така што границите на опфатот одат по осовините на сообраќајниците, и тоа:
Почнува на север во пресечната точка меѓу ул. „Љубљанска“ и ул. „Благој Ѓорев“, се движи по оската на ул. „Благој Ѓорев“ се до раскрсницата со ул. „8-ма Велешка Бригада“ каде се движи по самата оска на истата према југ, каде движејќи се кон југозапад преку приватни парцели продолжува по ул. „Лазо Трпковски“ кон исток за повторно преку приватни парцели да продолжи по ул. „Којнички пат“, каде опфатот продолжува да минува по ул. „Љубљанска“ се до ул. „Благој Ѓорев“.
Вкупната површина на планскиот опфат, во рамките на наведените граници, изнесува 14,81 ха.
На просторот кој што е предмет за изработка на овој Детален урбанистички план, според Генерален Урбанистички План на град Велес, се предвидува намена:
А - домување
Б - комерцијални и деловни намени
В - јавни институции
Е - инфраструктура
По утврдувањето на Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 36 и дел од УБ 37, УЕ VI, Општина Велес, Градоначалникот ќе организира јавна презентација и јавна анкета.
3. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Г2 (лесна индустрија) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Башино Село.
До Општина Велес поднесени се барања за утврдување на правенстатус на бесправни објекти изградени на катастарски парцели кои се наоѓаат на земјиште чијашто класа на намена согласно Општиот акт за утврдување на условите и начинот на градба во населено место Башино Село е Г2- Лесна индустрија. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување направен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена Г2-Лесна индустрија во класа на намена А1-Домување во станбени куќи. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на парвен статус кои престставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
4. Предлог-одлука за утврдување на реоните на општинските основни училишта во Општина Велес.
Советот на Општина Велес на својата 25 та седница одржана седница во 2006година донесе Одлуката за утврдување на реоните на општинските основни училишта во Општина Велес. Поради одредни измени како во насловите на улиците, така и со статусната промена на ООУ Васил Главинов кон кој се вклучи и објект 2 од Превалец, се наложи потребата од изменување и дополнување на истата. Предлагаме донесување на нова одлука во која покрај опфатот на реонот на училиштето ќе бидат запишани и сите улици кои се опфатени во тој реон, при тоа појаснувајќи за која улица станува збор нов наслов и поранешен.
5. Предлог-одлука за усвојување на Стратегија за развој на културата на Општина Велес 2016-2020.
Општина Велес во последните десетина години перманентно работи наразвојот на културата во градот преку најразлични форми на делување. Ова е особено видливо во последните 6 години кога буџетот на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата е двојно и тројно поголем од претходните години. Меѓутоа, праксата во работењето покажува дека е неопходно долгорочно планирање на развојот на културата и постоење на посебна локална установа за реализирање на активностите предвидени во програмата. Делегирањето на надлежност на ГО со кадровски потенцијал стручен по одредени области покажа дека е неопходно организација и реализацијата на активностите да ја вршат професионалци од областа, а не општинската администрација. Од тие причини со оваа стратегија се предлага основање на Дирекција за култура на Општина Велес. По изготвувањето на овој предлог документ тој е доставен до сите чинители на културниот живот во градот, но само од три субјекта – Младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“, Стрип центарот на Македонија и БС „Анабела добивме повратно забелешки, сугестии и коментари кои воглавно беа позитивни, афирмативни и охрабрувачки за донесување на овој стратешки документ. Дел од нив се вградени во текстот на документот. Најдобро образложение за потребата за донесување на овој документ е воведниот дел на Стратегијата.
6. Извештајот за реализирани активности по ЛАПЛИ 2011 -2015 година.
Општина Велес е една од четирите општини во Република Македонија во кои во 2008 година беше изготвен првиот Локален акциски план за прашањето на хендикеп во регионот на Југоисточна Европа. Изминатите 8 години планираните активности за реализација на акциски планови беа составен дел на Програмите на Општина Велес. На оваа седница на СОВ, ќе биде разгледанИзвештајот за реализирани активности по ЛАПЛИ 2011 -2015 година, а советниците ќе имаат можност да се прозизнесат по однос на истиот.
7. Предлог-одлука за усвојување на Локален акциски план за лица со инвалидност во Општина Велес 2016-2020.
Локален акциски план за лица со инвалидност на Општина Велесза периодот 2016-2020 година, претставува стратешки документ заидентификувани потреби, решенија, цели и приоритети кои ОпштинаВелес ги поставува пред себе со цел да се развива соодветно со вредностите на инклузивното општество, насочен кон унапредување на квалитетот на животот и работењето на лицата со инвалидност. Третиот Локален акциски план за лицата со инвалидност – ЛАПЛИ претставува континуитет и надградба на претходните два ЛАПЛИ. Тоа значи дека од 2008 година во континуитет Советот на Општина Велес работи на подобрување на условите за живот на лицата со инвадност во општината. По изготвувањето документот е доставен во електронска форма до сите ГО и институции вклучени во неговата изработка. Сите забелешки се вградени во овој предлог документ кој по усвојувањето ќе биде отпечатен и јавно објавен.
8. Предлог-решение за одобрување средства од Буџетот на Општина Велес.
До Советот на Општина Велес пристигна барање за финансиска помош,ова барање ќе биде разгледано од координаторите на советничките групи на Советот на Општина Велес. По нивните дадени насоки, а во согласност со извештајот на Комисијата за финансирање Буџет и локален економски развој ќе се утврдaт корисниците на паричните средства како и износот и ќе се предложи до СОВ за донесување на ова решение.
9. Предлог-решение за именување членови на Комисијата за заштита на правата на пациентите.
Комисијата за заштита на правата на пациентите е предвидена какопостојано тело на Советот на Општина Велес. Комисијата ја сочинуваат 9 члена со мандат од две години од редот на претставници на пациентите, членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници на невладините организации што се занимаваат со човекови права и граѓански иницијативи, двајца лекари од општината и тројца делегирани претставници од Советот на Општината.
Членовите на Комисијата ги именува Советот на Општината по предлог на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања. Комисијата за заштита на правата на пациентите ќе врши унапредување на правата на пациентите и нивната заштита следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите, соработка со надлежните органи, ќе дава предлог мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи, разгледување на поплаките на пациентите, преземање мерки и водење на евиденција за поплаките.
За својата работа ќе поднесува извештај за заштита на правата на пациентите до Советот на Општината. Средствата за работа на Комисијата ги обезбедува општината и при тоа на лесно достапно место ја означува канцеларијата на Комисијата со назнака „Комисија за заштита на правата на пациентите“.
10. Предлог-решение за именување членови на Совет за заштита на потрошувачите.
Согласно Статутот на Општина Велес како постојано тело на Советот на Општина Велес е предвиден Советот за заштита на правата за потрошувачите. Советот е составен од седум члена од редот на советниците, здруженија на потрошувачи и од други здруженија на граѓани, јавни претпријатија, стопанските комори и од државните органи на инспекциски надзор кои имаат надлежности поврзани со заштитата на потрошувачите мандатот им трае 2 години со можност повторно да бидат избрани.
Советот изготвува двегодишна програма за заштита на потрошувачите во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите на Владата и ја доставува на усвојување до Советот на Општина Велес.
Советот за заштита на потрошувачите разгледува прашања и утврдува предлози со: -следење на состојбата на квалитетот на услугите што ги даваат јавните служби; -дава мислења и предлози за подобрување на квалитетот на услугите; -се грижи за решавање на проблемите што ги имаат граѓаните при користењето на услугите; -организира јавни трибини и други форми на учество на граѓаните; -се грижи за односот на вработените кај давателот на услугите кон корисниците на услугите и -соработува со општинската администрација.
11. Предлог- решение за разрешување и именување на претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Благој Кирков“ Велес.
До Советот на Општина Велес пристигна барање од претседателот научилишниот одбор на ООУ „ Благој Кирков “за разрешување на двајца членови на училишниот одбор во ООУ „ Благој Кирков “ – Велес, поради нивно отсуство на состаноците на училишниот одбор.
12. Предлог-решение за разрешување и именување на претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор на средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“- Велес.
До Општина Велес пристигна допис од ССОУ „Коле Неделковски“ со кое известуваат дека на досегашните членови на училишниот одбор кој се именувани од СОВ им истекува мандатот и се бара именување на нови членови.
Со последната 12-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 52-та седница на Советот на Општина Велес.
Ви благодарам!