
Претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ja информира јавноста дека на ден 27.06.2016 година (пoнеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот ќе се одржи седница на Советот на Општина Велес.
За 53-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Советнички прашања.
Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
2. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес.
До Општина Велес поднесени се голем број на барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени на катастарски парцели кои се наоѓаат вон границите на важечкиот Генерален урбанистички план на град Велес. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да биде извршено проширување на планскиот опфат. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на правен статус кои престставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Откако,Советот на Општина Велес ќе ја донесе вака предложената одлука,ќе се пристапи кон вклопување на бесправните објекти во идната урбанистичко планска документација.
3. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена B5 (Верски институции) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Оризари.
До Општина Велес поднесени се барања за утврдување на правен статусна бесправни објекти од двајца баратели. Бесправните објекти кои сепредмет на барањата за утврдување на правен статус се наоѓаат на земјиште чијашто класа на намена согласно Општиот акт за населено место Оризари е определена како В5-Верски институции. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти, кои несомнено се изградени пред многу години и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена В5-Верски институции во класа на намена А1-Домување во станбени куќи. На овој начин би се завршиле започнатите постапки и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на правен статус кои претставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
4. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д2 (Заштитно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
До Општина Велес поднесени се барања за утврдување на правен статусна бесправен објект од 6 баратели. Бесправните објекти кои се предмет на барањата за утврдување на правен статус се наоѓаат на земјиште чијашто класа на намена согласно Генералниот урбанистички план на град Велес и согласно Општиот акт за утврдување на условите и начинот на градба во населено место БашиноСело е Д2-Заштитно зеленило. Со цел непречено да се продолжи постапкатаза утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти кои несомнено се изградени пред многу години и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена Д2-Заштитно зеленило во класа на намена А1-Домување во станбени куќи. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на парвен статус кои престставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
5. Предлог-одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот за КО Оризари.
6. Предлог-одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот за КО Караслари.
Општина Велес со цел непречено да ја продолжи постапката заутврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на катастарски парцели во сопственост на Република Македонија и поефикасно да ја завши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е истите да бидат без товар односно да нема прибележување-корисничко право на физичко или правно лице. Двата предметни објекти се наоѓаат на катастарска парцела во КО Оризари и КО Караслари, со прибележување-корисничко право на Општина Велес. За овие објектифизички лица имаат поднесно барање за утврдување на правен статус. Откако, Советот на Општина Велес ќе ја донесе вака предложената одлука, истата ќе биде доставена во Министерството за финансии–имотно правни работи со барање да биде спроведена постапка за одземање на корисничкото право и ослободување на товар. По донесувањето на решението во оваа постапка, ќе се изврши бришење на товарот од ИЛ во Агенцијата за катастар на недвижности и права.
7. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2016 година.
8.Измената на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велесза 2016 година произлегува од потребата за дополнување со нови планирани урбанистички документации, и тоа: ДУП за УЕ 11, УБ 54, ДУП за УЕ 2, УБ 21 и ДУП за дел од УЕ 9, УБ 47. Исто така. Со оваа измена и дополнување на програмата, предвидени за изработка се и нови 9 локално урбанистички плански документации.
8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.
Измената и дополнувањето на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година се прави од неколку причини.Зголемувањето на средстватаво одредени делови се врши заради реализација на дополнителни градежни активности во градот и населените места. Намалувањето на средствата во програмата е причинето од потребата за усогласување на планираните износи со фактички извршените средства кои се пониски од првобитно предвидените. Кај оддредени активности се врши нивно корегирање во програмата, со оглед на моменталните и постоечки состојби на теренот.
9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Велес за 2016 година.
Во постоечкиот Детален урбанистички план Локалитет Тунел-2 УЕ 12, дел од блок58 и 59 предвидени се градежни парцели со намена на градба А1-Домување во станбени куќи, кои можат да бидат предмет на отуѓување по пат на јавно наддавање и чија почетна цена согласно Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп како и засновање на право на стварна службеностизнесува 61,00 денари од метар квадратен. Со донесувањето на новите урбанистички планови формирани се нови градежни парцели кои можат да бидат предмет на отуѓување по пат на електронско јавно наддавање. Намената на земјиштето на сите новоформирани градежни парцели е Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, чијашто почетна цена согласно Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп како и засновање на право на стварна службеност изнесува 61,00 денари од метар квадратен.
10. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2016 година.
Измените во Програмата за активностите на Општина Велес во областа налокалниот економски развој за 2016 година се должат на усогласувањето на средствата предвидени за реализација во потпрограмата „Учество во проекти финансирани од домашни фондови“ со потпрограмата „Учество во проекти финансирани од меѓународни фондови“. Измената во потпрограмата „Подготовка на документација за започнување на постапка за јавно приватно партнерство (изградба на затворен градски пазар во Велес) се однесува на усогласување на активностите на Општина Велес соактуелната состојба во изградбата на затворен градски пазар во Велес. После објавениот повик за јавно приватно партнерство на кој немаше пријавени, Општина Велес ја превзема обврската за проектирање на пазарот, а подготовката на документацијата за започнување на постапка за јавно приватно партнерство ќе започне после овој процес.
11. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2016 година.
Во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата наживотната средина во 2016 година за активноста - Изработка на стратешки документи за животна средина и тоа: изработка на Регистер на загадувачи и изработка на Катастар за животната средина на територијата на Општина Велес, при спроведената јавна набавка е постигната цена од 208.000 наместо планираните 1.200.000ден. и склучен е договор со eкономскиот оператор за наведената сума. Заради тоа ставката од 1.200.000 ден. се брише и се заменува со 208.000 ден. При спроведување на активностите за подигнување на јавната свест за управување со отпадот како дел од Програма на управување со отпадот се предвидени средства од 200.000 ден. Бидејќи печатењето на пропаганден материјал и негова дистрибуцијата до граѓаните преку сметките за комунални услуги покажува добри почетни резултати, оваа ставка е недоволна за да се спроведат активностите до крајот на годината. Затоа е потребно зголемување на предвидените средства од 200.000 ден. на 400.000 ден.
12. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2016 година.
Измените во Програмата за активностите на Општина Велес во областа накултурата за 2016 година се должат на потребата за зголемување на ставката за обележување на Нова Година, затоа што трошоците за обележување на 2016година во целост се исплатени во оваа тековна година.
13. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2016 година.
Измените во Програмата за активностите на Општина Велес во областа насоцијалната заштита за 2016 година се должат на потребата од набавка на инвалидски колички, согласно ЛАПЛИ 2016-2020. Намалувањето во наведените ставки се врши врз основа на трошоците направени во изминатото полугодие на 2016 година.
14. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2016 година.
Градскиот одбојкарски клуб „Борец“ од Велес има потенцијал да постигнеголеми успеси во претстојната сезона 2016/2017 на национално ниво. Од тиепричини се обрати со барање до Општина Велес финансиски да ја помогнеме работата на клубот за да може да се постигнат очекуваните резултати. Овие средства во висина од 150.000 денари се дололнителни за работа на клубот во оваа календарска година, а при планирањето на Буџетот за 2017 година по доставена програма и остварени резултати, ќе се направат напори и овој клуб да стане бренд на градот затоа што историски гледано одбојката во Велес во минатото е колективен спорт за кој во континуитет владее голем интерес. Ставката од која се обезбедуваат овие средства е исто така од Програматаза спорт и намалената сума нема да ја доведе во прашање нејзината реализација.
15. Извештај-елаборат за проценета штета од природна непогода –мраз, слана и сињак што ги зафати дел од земјоделските култури на територија на Општина Велес во период од крајот на април 2016 и почеток на мај 2016 година.
16. Предлог-решение за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места во ОЈУДГ „Димче Мирчев“Велес.
Од страна на управниот одбор на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес пристигнадопис со барање до Советот на Општина Велес да даде согласност за Правилникот за внатрешна организација на работните места. Исто така за овој правилник добиена е согласност од Министерството за информатичко општество и администрација. На одржаниот состанок на Управниот одбор донесен е Правилник за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места во ОЈУДГ „Димче Мирчев“-Велес за што е добиена согласност од Министерството за информатичко општество и администрација. Согласно Законот за вработените во јавниот сектор, актот за внатрешна организација и систематизација на работните места, раководното лице на институцијата го донесува по претходна согласност од МИОА, како и од органот надлежен за давање согласност на актот утврден со закон или со друг пропис во однос на нивната усогласеност со тие закони или прописи.
17. Предлог-решение за давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места во Општинската јавна установа за деца -Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.
Од страна на управниот одбор на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес пристигнадопис со кој бараат согласност од Советот на Општина Велес за Правилникот за систематизација на работните места, донесенсо Одлука од управниот одбор. Исто така за овој правилник е добиена согласност од Министерството за информатичко општество и администрација. Согласно Законот за вработените во јавниот сектор Актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места, раководното лице на институцијата го донесува по претходна согласност од Министерството за информатичко општество и администрација во однос на нивната меѓусебна усогласеност како и нивната усогласеност со одредбите од овој закон, како и од органот надлежен за давање согласност на актот утврден со закон или со друг пропис во однос на нивната усогласеност со тие закони или прописи.
18. Предлог-решение за разрешување и именување на претставник на Општина Велес за член на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“- Велес.
До Советот на Општина Велес пристигна допис одООУ „Васил Главинов“ со кој се бара да се разреши досегашен член на училишниот одбор поради изминување на мандатот заклучно со 10.05.2016 година, и на негово место да се именува нов член претставник од Општина Велес.
19. Извештај за работа на ЈКП Дервен-Велес за период од 01-03 месец за 2016 година.
20. Извештај за работа со финансиски резултати на ЈПССО „Парк-Спорт“ за периодот од 01.01.2016 година до 31.03.2016 година.
Во согласност со Законските прописи до Советот на Општина Велес е стигнато барање за разгледување на Извештаите за работата на ЈКП Дервен и ЈПССО „Парк Спорт” за период од I-III месец во 2016 година. Извештаите се претходно усвоени од управните и надзорните одбори на двете институции.
21. Информација за состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење во Општина Велес за 2015 година.
22. Информација за санитарно-хигиенската состојба на водите на акумулацијата „Младост“ во 2015 година.
23. Информација за квалитетот на воздухот и неговото влијание врз здравјето на луѓето воОпштина Велес во 2015 година.
24. Информација за безбедноста и биолошкиот квалитет на исхраната во градинка „Димче Мирчев“, ОУ „Блаже Конески“ и ученички дом „Лазар Лазаревски“ во 2015.
Од 21-та до 24-тата точка на дневниот ред се наоѓаат горенаведените информации кои се од големо значење за граѓаните на Општина Велес имајќи ги во превид влијанијата на здравјето на човекот и животната средина. Ним советниците детално ќе ги разгледаат и ќе се произнесат по истите.
Со последната 24-ва точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 53-та седница на Советот на Општина Велес.