СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО ПЕТОК ЌЕ ЈА ОДРЖИ СВОЈАТА 54-ТА СЕДНИЦА

Претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ja информира јавноста дека на ден 08.07.2016 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 15:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 54 седница, последна за оваа година.
За 54-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

1. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д2 (Заштитно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
До Општина Велес поднесени се барања за утврдување на правен статусна бесправен објект од 4 баратели. Бесправните објекти кои се предмет на барањата за утврдување на правен статус се наоѓаат на земјиште чијашто класа на намена согласно Генералниот урбанистички план на град Велес и согласно Општиот акт за утврдување на условите и начинот на градба во населено место Башино Село е Д2-Заштитно зеленило. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти кои несомнено се изградени пред многу години и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена Д2-Заштитно зеленило во класа на намена А1-Домување во станбени куќи. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на правен статус кои престставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
2. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа нанамена А1 (Домување во станбени куќи) во класа на намена E2 (Комуналнасупраструктура-трафостаница) заради усогласување на намената на бесправнитеобјекти изградени во КО Велес.
До Министерството за транспорт и врски доставено е барање заутврдување на правен статус на бесправен објект од ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија- КЕЦ Велес, за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект- ТС 10 (20) кВ “Јовевци-Бачман”, што е изградена на КП број 3029, КО Велес, во мв “с. Буридан”. Предметниот објект на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија- КЕЦ Велес, според Генералниот урбанистички план на град Велес, се наоѓа на земјиште со класа на намена А1-Домување во станбени куќи. Со цел Министерството за транспорт и врски непречено да ја продолжи постапката за утврдување на правен статус на овој бесправно изграден објект, потребно е да се изврши пренамена на земјиштето со класа на намена А1-Домување во станбени куќи во класа на намена Е2-Комунална супраструктура-трафостаница.
3. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изработка на локална урбанистичкапланска документација на територијата на Општина Велес, КО Башино село.
Со оваа одлука се утврдува потребата од изработка на локалнаурбанистичка планска документација на територијата на Општина Велес. Со изработката на Локална урбанистичка планска документација за градби со намена А1-Домување во станбени куќи, дел од КП 206/1, КП 212, КП 213, КП 214, КП 215, КП 230, КП 229 и КП 228, КО Башино село-вон гр., м.в. Колиба, Општина Велес, ќе се овозможи изградба на објекти со намена А1-домување во станбени куќи. Локацијата се наоѓа помеѓу регионалниот пат кој води кон езеро Младост, од пресекот со автопатот Скопје -Гевгелија и пругата за Кочани. Плацевите на оваа локација ќе бидат наменети за изградба на станбени куќи согласно проектот “Купи куќа за млади”, како и за други заинтересирани .
4. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изработка на локална урбанистичкапланска документација на територијата на Општина Велес, КО Новачани.
Со оваа одлука се утврдува потребата од изработка на локалнаурбанистичка планска документација на територијата на Општина Велес. Со изработката на Локална урбанистичка планска документација за градби со намена Д3-Спорт и рекреација, дел од КП 142, КП 143/1, дел од КП 143/2, КП 143/3, КП 144, дел од КП 145, дел од КП 146/1, дел од КП 146/2, дел од 146/3, КП 146/4, дел од КП 147, дел од КП 148/1, КП 148/2, КП 148/3, дел од КП 173/1, дел од КП 173/2, дел од КП 173/3, КП 173/4, дел од КП 173/5, КП 173/8, дел од 173/9, КО Новачани, Општина Велес, ќе се овозможи изградба на мото-крос патека. Локацијата се наоѓа над езеро Младост, помеѓу стариот пат за Скопје и автопатот Гевгелија-Скопје. Со урбанизацијата на локацијата на мото-клубот од Велес ќе му се овозможи по пат на спонзорства и донации да ја изгради патеката.
5. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изработка на локална урбанистичкапланска документација на територијата на Општина Велес, КО Оризари м.в.„Лака“.
Со оваа одлука се утврдува потребата од изработка на локалнаурбанистичка планска документација на територијата на Општина Велес. Со изработката на Локална урбанистичка планска документација за градби со намена А1-Домување во станбени куќи, за дел од КП 255/1, КП 255/2, КП 255/3, КО Оризари вон г.р., м.в. Лака, Општина Велес, ќе се овозможи изградба на објекти со намена А1-домување во станбени куќи. Локацијата се наоѓа непосредно до село Оризари. Плацевите на оваа локација ќе бидат наменети за изградба на станбени куќи согласно проектот “Купи куќа за млади”, како и за други заинтересирани.
6. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изработка на локална урбанистичкапланска документација на територијата на Општина Велес, КО Оризари м.в „Дандаре“.
Со оваа одлука се утврдува потребата од изработка на локалнаурбанистичка планска документација на територијата на Општина Велес. Со изработката на Локална урбанистичка планска документација за градби со намена А1-Домување во станбени куќи, КП 1839, КП 1840, КП 1841, КП 1842, КП 1843, КП 2201, КП 2200, КП 2199, КП 2198, КП 2197, КП 2196, КП 2195, КО Оризари вон г.р., м.в. Дандаре и м.в. Бојаџија, Општина Велес, ќе се овозможи изградба на објекти со намена А1-домување во станбени куќи. Локацијата се наоѓа непосредно до село Оризари. Плацевите на оваа локација ќе бидат наменети за изградба на станбени куќи согласно проектот “Купи куќа за млади”, како и за други заинтересирани.
7. Предлог--одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стокана подрачјето на Општина Велес.
Советот на Општина Велес во 2001 донесе Одлука за доставување на стокаво град Велес, а потоа следеше и измена на истата во 2005 година во делот на временската рамка. Со донесувањето на оваа предложена одлука, престанува да важи претходно донесената. Оваа одлука произлегува како резултат од стапување на сила на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кој е дадено на општините да го уредуваат сообраќајот на улиците на своето подрачје. Поради тоа произлегува потребата за јасно дефинирање на условите за доставување (истоварање/ товарање) на стока од моторните возила на јавните површини. Исто така потребно е да се пропише: начинот и времето на вршење на истоварање и товарање на стоката, времето на движење, начинот на запирање и паркирање на возилата за истоварање и товарање на стока, како и максималната дозволена вкупна маса на возилата кои вршат доставување на стока во Велес.
8. Предлог-одлука за утврдување на намена на просторија од објект од КП 4810сопственост на Општина Велес.
Од страна на МИОА беше доставен допис доопштината со барање за соработка за отварање на бесплатен интернет клуб на територијата на Општина Велес. Во рамките на проектот проект „Светот на дланка“-бесплатни интернет клубови-на МИОА предвидено е отварање на 30 интернет клубови низ РМ, од кои е еден во Велес. МИОА ја обезбедува целокупната ИТ опрема, со нејзино одржување, канцелариска опрема, интернет и едно вработено лице, кое ќе ја организира секојдневната активност на клубот. Додека општината ги обезбедувапросторните услови за нивно поставување, функционирање и одржувањечистење, комунални услуги(струја, вода и греење).
9. Предлог-одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинскасоработка.
До Општина Велес пристигна допис од Градоначалникот на Општина Росоман со кој достави акти за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Од страна на Градоначалникот поведен е предлог за воспоставување на МОС помеѓу Општина Росоман и Општина Велес, која се однесува за давање на услуги од страна на Општина Велес за Општина Росоман од областа на внатрешната ревизија, и изработена е и процена. Од Советот на Општина Росоман донесна е Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на МОС. По добиената документација Градоначалникот на Општина Велес достави мислење по однос на предложената МОС кој е составен дел на предложената одлука.
10. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка наУрбанистички планови во Општина Велес за 2016 година.
Измената на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2016 година произлегува од потребата за дополнување со нова планирана урбанистичка документација и тоа: Локална урбанистичка планска документација за КП 1029, КО Башино Село, Општина Велес, со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија. Со изработката на ова ЛУПД ќе се овозможи градба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на сопствено земјиште. Локацијата е во близина на салонот за мебел “Макпромет”.
11. Предлог-решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за продажбаи закуп на движни и недвижни ствари сопственост на Општина Велес.
Согласно Законот за користење и располагање со стварите во државнасопственост и со стварите во општинска сопственост, правното лице кое располага со недвижни и движни ствари е должно да формира Комисија која ќе ја спорведува постапката за продажба, давање во закуп и набавка на недвижни ствари и постапките за продажба на движни ствари, во сопственост. Раководното лице во правното лице му предлага на СОВ кој согласно законот со стварите во општинска сопственост располага во има на општината, членови на Комисија која ќе ја спорведува постапката. Комисијата е формирана од претседател и членови , како и нивни заменици од редот на вработените во општината, чиј мандат трае 4 години. Формираната комисија ќе биде регистрирана во електронскиот ситем e-stvari.mk, создаден за продажба и запуп на недвижни ствари и продажба на движни ствари по пат на електронско јавни наддавање, согласно закон. Предлог за избор на членови предлага Градоначалникот до Комисијата за мандатни прашања, избор и именување при СОВ.
Со последната 11-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 54-та седница на Советот на Општина Велес.
Ви благодарам