СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ДЕНЕС ЈА ОДРЖУВА СВОЈАТА 56-ТА СЕДНИЦА

Претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ja информира јавноста дека на ден 07.09.2016 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 56 седница.
За 56-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

1. Советнички прашања.
Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
2. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување начин на времено користење административни и деловни простории од објект на КП 4810, сопственост на Општина Велес.
На своја седница, СОВ на 26.11.2014 година донесе Одлуката за утврдување начин на времено користење административни и деловни простории од објект на КП 4810, сопственост на Општина Велес со која се утврдува начинот на временото користење на административните и деловните простории од објект од КП 4810, сопственост на Општина Велес. Во истата беше одредена постапката по оваа Одлука да ја спроведува Комисија во состав од 5 члена, која согласно Одлуката во една спроведена постапка за јавно наддавање, изврши закуп на повеќе административни и деловни простории. Со донесувањето на Законот за користење и располагање на стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, се овозможи општините да го користат овој закон и одредбите од него во постапката за електронско јавно наддавање со што се наложи потреба од формирање на единствена комисија. Комисијата се формираше на седницата на СОВ одржана на 08.07.2016 година, која ќе ги води сите постапки за продажба, давање под закуп и набавка на недвижни ствари и постапка за продажба на движни ствари за период од 4 години, на ствари во сопственост на општината. Поради ова за да може оваа Комисија да започне со нова постапка за електронско јавно наддавање за простории од овој објект, потребно е изменување на членот 6 од истата.
3. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување цени за времено користење административни и деловни простории од објект во м.в.„8 ми Септември“ и „Цар Самоил“, сопственост на Општина Велес.
Во Одлуката за утврдување цени за времено користење административни и деловни простории од објект во м.в.„8 ми Септември“ и „Цар Самоил“, сопственост на Општина Велес, се утврдуваат цени на издавање под закуп на простории од објект сопственост на Општина Велес, изразени во тебела составен дел на истата. Општина Велес, неодамна изврши адаптација на простор од овој објект, со намена деловен. Пренамената е евидентирана во ИЛ во катастар на недвижности со што се овозможува на адаптираниот простор да се врши издавање под закуп. Од причина што претходно во утврдените цени од горе неведената Одлука/табела не се опфатени цените за сите деловни простори од овој објект, се наложи потреба за изменување и дополнување на оваа Одлука. Изразените цени во табелата се составен дел на оваа Одлука и ќе бидат почетна цена при електронското јавно наддавање.
4. Предлог-решение за одобрување средства од Буџетот на Општина Велес.
До Советот на Општина Велес пристигнаa барањa за финансиска помош, истите ќе бидат разгледани од страна на координаторите на Советничките групи и Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој и ќе дадат предлози и извештај до СОВ на Општина Велес.
5. Годишен извештај на ООУ „Рајко Жинзифов“с. Долно Оризари за учебната 2015/2016 година.
6. Годишен извештај за работата на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с.Иванковци во учебната 2015/2016 година.
7. Годишен извештај за работа на ООУ „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ Велес за учебната 2015/2016 година.
8. Годишен извештај на ООУ „Благој Кирков“ Велес за учебната 2015/2016 година.
9. Годишен извештај на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2015/2016 година.
10. Годишен извештај за работа на ООУ „Васил Главинов“ Велес за учебната 2015/2016 година.
11. Годишен извештај за работата на ООУ „Блаже Конески“ Велес во учебната 2015/2016 година.
12. Годишен извештај за работа на ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес во учебната 2015/2016 година.
13. Годишен извештај за работа на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес во учебната 2015/2016 година.
14. Годишен извештај за работа на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес за учебната 2015/2016 година.
15. Годишен извештај за воспитно –образовната работа на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес за учебната 2015/2016 година.
16. Годишен извештај за работата на ССОУ „Коле Неделковски“ Велес во учебната 2015/2016 година.
17. Годишен извештај за работа на ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес во учебната 2015/2016 година.
Годишните извештаи за работата на основните, средните училишта и ученичкиот дом во Општина Велес претставуваат синтетизиран приказ на постигањата на учениците, извршените работи и работни задачи на наставниците, стручните служби и раководните тимови. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес како основач на овие образовни институции е должен да ги разгледа и да се произнесе по годишните извештаи.
18. Предлог Годишна програма за работа на ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес во учебната 2016/2017 година.
Годишната програма за работа на ученичкиот дом Лазар Лазаревски за учебната 2016/17 година, е краткорочен развоен документ и претставува оперативен план за работа со кој е програмирана целокупната активност. Тој е подготвен за да биде носител и столб на сите процеси во институцијата кои се планираат и ќе се реализираат во текот на оваа учебна година која што неодамна отпочна. Согласно член 25 од Законот за ученичкиот стандард Годишната програма за работа на општинските ученички домови, ги донесува советот на општината на предлог на управниот одбор на ученичкиот дом, најдоцна до 15 септември од тековната година. Советот на Општина Велес како основач на домот е должен да ја разгледа и да се произнесе по предлог годишната програма.
Со последната 18-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 56-та седница на Советот на Општина Велес.

Ви благодарам