Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 29.06.2017 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 15:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 70-тата седница.
За 70-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2017 година.
Согласно измените и дополнувањата на програмите за активностите на Општина Велес, донесени на седница на Советот на Општина Велес, се јави потреба од измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2017 година, односно прв ребаланс. Со овој ребаланс се врши зголемување на планираните средства во вкупен износ од 17.758.158 денари.
2. Предлог-одлука за давање на времено користење спортски терен и објект на „Фудбалски клуб-Превалец“.
Од страна на Фудбалскиот клуб-Превалец пристигна барање за користење на спортски игралишта и објект, сопственост на Општина Велес. Во оваа одлука е регулирано и одржувањето и други тековни обврски кои произлегуваат од користењето на овој недвижен имот, како и користењето на овој имот од страна на други клубови по доставено барање. Останатите права и обврски ќе се регулираат со Договор кој ќе се склучи помеѓу Градоначалникот на Општина Велес и Претседателот на ФК Превалец по донесување на оваа Одлука.
3. Предлог –одлука за одобрување на финансиски придонес во потпроект.
Со оваа Одлука Советот на Општина Велес потврдува финансиско учество во потпроектот „Кратки транзитни одмори и фамилијарни излети“ за уредување на крајбрежјето на езерото „Младост. По донесувањето на одлуката која е неопходна за поднесување на апликацијата до спроведувачот на проектот за локална и регионална конкурентност, Општина Велес ќе ја изготви потребната документација за комплетирање на апликацијата по што ќе започне со реализација на потпроектот.
Потпроектот опфаќа уредување на крајбрежјето на езеро „Младост“ со реконструкција на тротоарот, инсталација на осветлување на истиот, уредување на зелената површина, реконструкција на паркинг просторот, одбележување на велосипедските патеки околу езерото, како и реконструкција на постоечките детски игралишта и реквизити на самата локација.
4. Предлог –одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место со намена Г2 лесна индустрија, Е1 комунална инфраструктура и Е3 некомпатибилна инфраструктура КО Оризари вон град Општина Велес.
УПВНМ за изградба на објекти со намена Г2-лесна индустрија, Е1-комунална
инфраструктура и Е3-некомпатибилна инфраструктура, КО Оризари-вонг.р. ОПШТИНА ВЕЛЕС преку непосредна реализација треба да обезбеди просторни можности за хумана работа, преку просторен развој на стопанските и нестопанските дејности, заштитата на наследените културни и природни вредности и заштитата на животната средина. При планирањето на просторот, максимално се почитувани барањата и програмските задачи. Границата на предметниот плански опфат е одредена со граници на парцели, сообраќајна инфраструктура и граница на наменска зона дефинирана со соседен плански опфат, согласно Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање
5. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес.
До Општина Велес поднесени се голем број на барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени на катастарски парцели кои се наоѓаат вон границите на важечкиот Генерален урбанистички план на град Велес. Со цел непречено да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на овие бесправно изградени објекти (кои несомнено се изградени пред многу години) и поефикасно да се заврши постапката во пресрет на граѓаните, потребно е да биде извршено проширување на планскиот опфат. На овој начин голем дел од започнатите постапки би се завршиле и барателите ќе добијат Решенија за утврдување на правен статус кои престставуваат правен основ за запишување на правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
6. Предлог-одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот за КО Велес.
Општина Велес со цел непречено да ја продолжи постапката за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на катастарски парцели во сопственост на Република Македонија и поефикасно да ја завши постапката, потребно е истата да биде без товар односно да нема корисничко право на физичко или правно лице.
Предметниот објект се наоѓа на КП бр.16891 и 16887/1.На катастарската парцела бр.16887/1 во м.в.„ЈУГОТУТУН“, евидентирано во ИЛ бр.26874 за КО Велес како корисник се јавува Општина Велес.
Откако Советот на Општина Велес ќе ја донесе вака предложената одлука, истата ќе биде доставена во Министерството за финансии–имотно правни работи со барање да биде спроведена постапка за одземање на корисничкото право и ослободување на товар.
По донесувањето на решението во оваа постапка, ќе се изврши бришење на товарот од ИЛ во Агенцијата за катастар на недвижности и права.
7. Извештај за работа на ЈКП „Дервен“ за период I-III месец 2017година.
Согласно законските овбрски ЈКП дервен до Советот на Општина Велес доставува извештај за работењето во секој квартал од годиниата. Документот ги содржи сите активност на претпријатието и реализирани задачи на секој работна единица. Членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално и финансиско работење на претпријатието на седницата која ја одржале констатирале дека ЈКП Дервен во наведениот период поажува позитивно работење и остварена добивка
8. Предлог-решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2017 година во Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес.
До Советот на Општина Велес од страна на ЈКП „Дервен“ доставен е План за вработување во институцијата за 2017 година. Согласно член 20-б од Законот за вработените во јавниот сектор е регулирано дека функционерот кој раководи со институцијата е должен планот за вработување да го достави до Советот на Општината. Согласно ова се предлага ова предлог-решение до Советот на Општина Велес.
9. Предлог-решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година во Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес.
До Советот на Општина Велес од страна на ЈКП „Дервен“ доставен е План за вработување во институцијата за 2018 година. Согласно член 20-б од Законот за вработените во јавниот сектор е регулирано дека функционерот кој раководи со институцијата е должен планот за вработување да го достави до Советот на Општината. Согласно ова се предлага ова предлог-решение до Советот на Општина Велес.
10. Предлог решение за давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на бруто плата на вработените во ЈКП „Дервен“ Велес.
До Советот на Општина Велес од страна на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ доставена е Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на бруто плата на вработените во ЈКП „Дервен“ Велес, Согласно Законот за вработените во јавниот сектор работодавачот е должен да изврши усогласување на бодот согласно новиот акт на систематизација.
Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот одбор донесува акт за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавното претпријатие. Врз основа на предлогот, основачот согласно член 11 од Законот за јавните претрпијатија дава согласност на актот.
11. Предлог–решение за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво на Општина Велес.
До Советот на Општина Велес пристигнаа дописи од институции кои имаат нивни претставници во Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво на Општина Велес со известување за истекување на нивниот мандат. Согласно донесената Одлука за формирање на општински совет за превенција на детско претстапништво „Службен гласник “ на Општина Велес број 3/12 е регулирано дека мандат на членовите е пет години со право на повторен избор. Досегашните членови се именувани со решение од СОВ 29.05.2012 година, согласно ова им истекува мандатот и се предлага ова предлог решение.
Со последната 11-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 70-та седница на Советот на Општина Велес.