71-ва СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 11.07.2017 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 15:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 71-та седница.
За 71-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

 

1. Советнички прашања.
Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.

2. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес за 2017година.
Во периодот од јануари до јуни до Советот на Општина Велес пристигнати се шест барањеаод граѓани од Велес, кои бараат еднократна помош за санирање на штета направена од пожар на нивни домови и опрема. Со ова решение практично ќе им се помогне на овие граѓани кои во изминатиот период имале пожар кој предизвикал одредени последици

3. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.
Од страна на УО на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес доставена е предлог одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на градинката за 2017 година. Согласно законот за заштита на децата и член 67, став 6 од истиот основачот го утведува работното времена институцијата.

4. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за поголем број на деца во групите на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.
Од страна на УО на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес доставена е предлог одлука за функционирање на градинката со поголем број на деца во групите заради зголемен број на запишани деца. Согласно законот за заштита на децата и член 64, став 5 од истиот основачот дава согласност да може институцијата да води груши со поголем број на деца.

5. Предлог-решение за разрешување и именување на член на УО на „Св. Кирил и Методиј
Од страна на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ доставено е барање за одредување на претставници на чланови во УО поради истек на мандат. Од увидот на евиднцијата утврдено е дека на членот Сашко Ѓорѓиев му истекува мандатот на 03.03.2017. Поради ова се предлага негово разрешување и именување на нов член.

6. Информација за состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење во Општина Велес во 2016година.

7. Информација за санитарно-хигиенската состојба на водите на акумулацијата „Младост“ во 2016 година.

8. Информација за квалитетот на воздухот и неговото влијание врз здравјето на луќето во Општина Велес во 2016година.

9. Информација за следење на безбедноста и биолошкиот квалитет на исхраната во градинката „Димче Мирчев“, ООУ„Блаже Конески“ и ОУД „Лазар Лазаревски“ во 2016 година.

10. Информација за движењето на акутните заразни заболувања на подрачјето на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес за месеците јануари-јуни 2017година.

Од 6-та до 10-тата точка на дневниот ред се наоѓаат горенаведените информации кои се од големо значење за граѓаните на Општина Велес имајќи ги во превид влијанијата на здравјето на човекот и животната средина. Сите нив советниците детално ќе ги разгледаат и ќе се произнесат по истите. Потребно е да се нагласи дека овие извештаи се поднесуваат до Советот на Општина велес редовно и според пропишаната динамика на секои шест месеци односно една година.

Со последната 10-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 71-та седница на Советот на Општина Велес.