Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 21.08.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 72-та седница.
За 72-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 година до 30.06.2017 година
Кварталниот извештај за звршување на Буџетот на Општина Велес за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 до 30.06.2017 е направен согласно член 32 од Законот за финасирање на ЕЛС. Кварталните извештаи за реализирање на Буџетот, Градоначалникот ги доставува до Министерството за финасии и до Советот. Во кварталниот финасиски извештај за реализација на Буџетот на Општина Велес се внесуваат податоци за планираните тековно-оперативни и капитални приходи и расходи на годишно ниво. Процентот на остварување на вкупните приходи на Буџетот на Општина Велес во извештајниот период за 2017 година изнесува 34,24% проценти.
2. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за давање на времено користење спортски терен и објект на „Фудбалски клуб-Превалец“.
Советот на општина Велес на своја седница донесе Одлука за давање на времено користење спортски терен и објект на „Фудбалски клуб-Превалец“ („Службен гласник на Општина Велес“ број 08/16), со која се регулираше начинот на користење на спортскиот терен и објект. Со донесувањето на оваа промена ќе се изврши подобро следење на уредувањето на просторот од страна на корисникот. Овој клуб најави можност за уредување на објектот и теренот по пат на спонзорства и донации. Преку извештајот што истиот ќе го доставува СОВ ќе има поголем увид во состојбата на теренот и начинот на користењето на спортскиот терен и објектот.
3. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2017 година.
4. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2017 година.
5. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2017 година.
6. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2017 година.
7. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2017 година.
8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2017 година.
Во изминатите месеци од 2017 година заради изборниот процес, одложувањето на локалните избори и вакум просторот што настана до формирањето на Влада на Република Македонија, дојде до стагнација, одложување и реална неможност дел од планираните програмски активности да се реализираат со планирана динамика и во утврдени рокови. Од овие причини ослободените буџетски средства од Програмите за активностите на Општина Велес во областа на: здравствената заштита, спортот, културата, образованието, социјална заштита и за уредување на градежно земјиште се пренаменуваат за реализирање на активности во Програмата за комунално уредување. Во најголем дел од случаите станува збор за интервенции кои се иницирани од страна на граѓани, месни и урбани заедници.
Со последната 8-ма точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 72-та седница на Советот на Општина Велес.