73-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 24.08.2017 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 73-тата седница.
За 73-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

1. Советнички прашања.

Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.

2. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ООУ„Васил Главинов“ Велес

3. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ„Благој Кирков“ Велес.

4. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ООУ„Јордан Х.К.Џинот“ Велес.

5. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ООУ„Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци.

6. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ОOУ „Рајко Жинзифов“ с. Долно Оризари.

7. Предлог- решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ Велес.

8. Предлог- решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ССОУ„Димитрија Чуповски“ Велес.

9. Предлог- решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ОСУ„Јовче Тесличков“ Велес.

10. Предлог- решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ССОУ„Коле Неделковски“ Велес.

До Општина Велес од страна на ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Благој Кирков“, ООУ „ЈХК Џинот“, ООУ „Стојан Бурчевски – Буридан“, ООУ „Рајко Жинзифов“, Соу „Мимназија Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“, ОСУ „Јовче Теслочков“ и ССОУ „Коле Неделковски“ доставени се барања за добивање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во учебната 2017/18 година. Со оглед на тоа што бројот на запишани деца во прво одделение и во други одделенија е помал од законски предвидениот за да се формира предвидениот број на паралелки, се предлага донесување на ова решение. За таа цел, Градоначалникот на Општина Велес достави барање со бр.08 – 3331/1 од 03.08.2017 год. ,до Министерството за образование и наука на РМ , Сектор за основно и средно образование, за добивање на позитивно мислење .
11. Информација за поддршка на спортот во Општина Велес.
Големата успешна спортска историја на ракометарите, одбојкарите, кошаркарите, фудбалерите, борачите, кајакарите и др. не обврзува да го издигнеме брендот на „Борец“на нивото што го заслужува. Во таа насока Советот на Општина Велес веќе донесе одлука за финансиска поддршка на Градскиот ракометен клуб „Борец“ и на Градскиот одбојкарски клуб со истиот бренд. Со средства од Буџетот на општина Велес се поддржуваат и сите други спортски клубови без оглед што не се именувани како градски.
Со оваа Информација сакам да Ве запознаам дека веднаш по пререгистрацијата на кошаркарскиот клуб „Борец“ како Градски кошаркарски клуб, Општината соодветно на рангот во кој се натпреварува, ќе му даде материјална и логистичка поддршка. Ова значи дека сите технички и административни работи за кои има потреба, а нема соодветен струшен кадар за нивно решавање, ќе бидат завршени со помош на општинската администрација.

Со последната 11-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 73-тата седница на Советот на Општина Велес.