Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-4575/1
27.10.2017 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на втората седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 03.11.2017 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
-Усвојување на записник од првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за финансирање,Буџет и локален економски развој.
2. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
3. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за општествени дејности.
4. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за Статут и прописи.
5. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
6. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за спорт и млади.
7. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на правата на децата.
8. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за изготвување на Програма за работа на Советот на Општина Велес.
9. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Комисијата за определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во Општина Велес.
10. Предлог-решение за определување претставници од членовите на Советот на Општина Велес во постапката за склучување бракови.
11. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес во 2018 година.
12. Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2018 година.
13. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2018 година.
14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2018 година.
15. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2018 година.
16. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2018 година.
17. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2018 година.
18. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2018 година.
19. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2018 година.
20. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2018 година.
21. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2018 година.
22. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2018 година.
23. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2018 година.
24. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка во 2018 година.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров с.р.