Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-5443/1
19.12.2017 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 7- та седница на Советот
на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 26.12.2017 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
-Усвојување на записник од 6-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-Буџет на Општина Велес за 2018година.
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2018година.
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници во Општина Велес за 2018 година.
- Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Велес.
- Предлог-одлука за доделување на награда најстудент Проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2017 година.
- Предлог-одлука за утврдување на пазарната вредност на градежното земјиште на подрачјето на Општина Велес.
- Предлог-одлука за определување на критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште на територијата на Општина Велес.
- Предлог-одлука за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на град Велес.
- Предлог-одлука за учество во проект финансиран од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа на Република Македонија – Програма за рамномерен регионален развој за 2018год.
- Предлог-одлука за давање на управување на водоснабителниот систем во с. Мамутчево на ЈКП Дервен.
- Предлог-одлука за престанок на важност на Одлуката за определување на простор за продавање од возила.
- Извештај за работа на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес за периодот I-IX месец 2017год.
- Предлог–решение за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво на Општина Велес.
- Информација за степенот на имплементација на донесените итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздрух во Општина Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров