Предлог дневен ред за 9-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-5627/1
29.12.2017 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 9- та седница на Советот
на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 05.01.2017 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
-Усвојување на записник од 7-та седница на Советот на Општина Велес.
-Усвојување на записник од 8-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1.Предлог-решение за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност Велес.
2. Предлог –програма за работа на Советот на општина Велес за 2018година.


Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров