Дневен ред на 54 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 4028/1
20.09.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 54-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 27.09.2007 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 11.оо часот.

Усвојување на записник од 52 седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 54-та седница на Советот на Општина Веле
с

1.Предлог-одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2007 година.
2.Предлог-одлука за измени и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2007 година.
3.Предлог-одлука за востановување награда на Општина Велес „Најстудент“.
4.Предлог-одлука за начинот на изградба на населеното место Башино Село во Општина Велес кое нема урбанистичка документација.
5.Предлог-одлука за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници на територијата на Општина Велес и Општина Чашка.
6.Извештај од Државниот завод за ревизија.
7.Информација за проектите реализирани од Програмата за развој на ОН - УНДП
8.Советнички прашања

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.