Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6558/2
19.12.2008 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 79-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 26.12.2008 година (петок), во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
- Усвојување на записник од 76-та седница на Советот на општина Велес
- Усвојување на записник од 77-та седница на Советот на општина Велес
- Усвојување на записник од 78-та седница на Советот на општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 79-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог- Буџет на Општина Велес за 2009 година.
2.Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2009 година.
3.Предлог-одлука за усвојување на ДУП за дел од Велес локалитет „Дел од старо градско јадро“, помеѓу ул.„Крушевска“ и дел од ул.„Крали Марко“-Општина Велес 2008-2013.
4.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на „ Основен проект за фекална канализација за населено место Оризари со анаеробни пречистителни станици во зона 1, зона 2 и зона 3“.
5.Предлог-одлука за утврдување на обврската, висината и начинот на плаќање на надоместокот за одржување на јавната чистота.
6.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за управување и одржување на градските гробишта.
7.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општина Велес.
8.Предлог-План за работа на ЈКП „Дервен“ Велес за 2009 година.
9.Предлог-програма за уредување и одржување на градско зеленило за 2009 година на ЈКП „Дервен“Велес.
10.Предлог-годишна програма за работа на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Велес за 2009 година.
11.Извештај за реализираните активности во рамките на проектот „Промоција на корпоративно општествена одговорност за подобрување на околината преку партиципативно учество на заедницата.
12.Предлог-решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес-членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски Буридан“с. Иванковци.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р