Дневен ред за 81 седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 365 /2
23.01.2008 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 81-ва седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 30.01.2009 година ( петок ) во просториите на Општина Велес со почеток во 12,00 часот.

  • Усвојување на записник од одржаната 79-та седница на Совет на Општина Велес
  • Усвојување на записник од одржаната 80-та седница на Совет на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 81-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт изменување и дополнување на Генерален урбанистички план за град Велес дел Урбана единица 1, урбан блок 1 А и 1 Б - (2008-2018) - Општина Велес
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Велес, локалитет- дел од Урбана единица 7 „Алексо Демниевски“, дел од урбан блок 38 – Општина Велес (2008-2013)
3.Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички план Урбан блок 8 – Општина Велес (2008-2013)
4.Предлог-одлука за утврдување на начинот, локациите, условите, критериумите и висина на комуналната такса за користење на објекти од комуналната инфраструктура – јавно прометни површини и затворени простори за одржување на јавни собири и други манифестации во рамките на предизборната кампања на политичките субјекти на подрачјето на Општина Велес
5.Предлог-програма за работа на Советот на Општина Велес за 2009 година
6.Годишен извештај за примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2008 година
7.Извештај за новите вработувања во ЈКП „Дервен“
8.Информација за бројот на завршени осмоодделенци запишани во средните училишта во учебната 2008/09 година со податоци за запишани осмоодделенци од други општини во средните училишта во Општина Велес

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.