Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Променет режим на сообраќај на улица Тодор Јанев

Почитувани,
Поради реконструкција на премногу оштетен горен бетонски слој, Општина Велес од утре ќе извршува реконструкција на дел од улица Тодор Јанев.
Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец февруари
Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 22.02.2018 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.
Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП за УЕ 7 дел од УБ 41, ЦОУ “Васил Главинов”, КО Велес, Општина Велес
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2018 година со Одлука бр бр. 25-4877/4 од 15.11.2017 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
по Предлог
ДУП за УЕ 7 дел од УБ 41, ЦОУ “Васил Главинов”, КО Велес, Општина Велес
Објава број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес
ОПШТИНА ВЕЛЕС
MUNICIPALITY OF VELES
ОБЈАВА број 1
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес
Соопштение: Актуелна слика за квалитетот на амбиентниот водзух во Велес

Почитувани,
Општина Велес Ве информира дека во мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 во работа се инструментите за О3 (озон), SO2 (сулфур диоксид), NO-NO2-NОx (азотни оксиди) и CO (јаглероден моноксид).
Од 28.12.2017г. по 12.00 часот не е во функција инструментот за суспендирани честички во воздухот со големина до 10 микро метри (РМ10).
Пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола
Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 118, став 3 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Велес изврши пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-52/1 од 04.01.2017г.
Известување - бесправно изградени објекти
Согласно Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл.весник на РМ бр.190/2017) Општина Велес ги известува граѓаните дека:
Нови барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти СЕ ПРИМААТ ОД 01.01.2018 ГОДИНА ДО 31.12.2018 ГОДИНА - КОМПЛЕТНИ ( ова се однесува за објекти изградени до 03.03.2011 година за кои барателот досега нема доставено барање во ниту еден од претходно дадените рокови) .
Барањата се примаат комплетни со геодетски елаборат и сметки за јавни услуги (струја, вода) или Изјава дека објектот е изграден пред влегување во сила на ЗПБИО со цитирана катастарска парцела и Геодетски елаборат во неа.
Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец јануари
Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 17.01.2018 година (среда) со почеток во 16:00 часот.
Листа на стипендијанти за учебната 2017/2018 година
Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес, по спроведен Конкурс со бр.25-5299/4 од 12.12.2017 година од пристигнатите 26 апликации, направи бодирање според успехот и бодирање по семејно-материјалната положба.
Врз основа на добиените резултати до Советот на Општина Велес достави Предлог ранг листа на стипендијанти за учебната 2017/2018 година.
Акција за отстранување на моторни возила
Почитувани сограѓани,
Општина Велес и СВР Велес ќе започнат акцијата за отстранување на нерегистрирани, хаварисани и искористени возила, приклучни возила и земјоделски машини со приклучни или без приклучни орудија.
Акцијата ќе ги опфати и оние возила кои се паркирани на определените места за паркирање, а имаат налепница-известување дека возилата се продаваат, како и непрописно паркираните возила на автобуските и такси стојалиштата.
ОБЈАВА бр. 3 /2017 за давање на деловни и административни простории во закуп и за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање
ОБЈАВА бр. 3 /2017
за давање на деловни и административни простории во закуп и за продажба на движни ствари во сопственост на
Општина Велес со електронско јавно наддавање
(првпат)