Соопштенија

Честитка по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Почитувани граѓани,

Дозволете ми од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес да упатам искрени честитки до сите православни верници по повод овој голем христијански празник.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Времен режим на сообраќај на улица Самоборска (патот кон ЈЗУ Општа Болница Велес)

На ден 29.08.2018 година, согласно проектот и одобрението за градба ДГ Изгрев Инжињеринг ДООЕЛ ќе извршуваат градежни работи на улица Самоборска (патот кон ЈЗУ Општа Болница Велес).

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец август

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 31.08.2018 година (петок) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

Информативна сесија за ЕУ програмата „Креативна Европа“

Се известуваат сите заинтересирани институции, здруженија на граѓани кои работат во полето на културата и медиумите дека на ден 24.8.2018 (петок) во електронската сала на Општина Велес ќе се одржи информативна сесија за можностите за ЕУ програмата „Креативна Европа/Creative Europe“ (потпрограми за култура и медиуми). Почеток: 12 часот.

Известување за градежни активности на улица Благој Абрашев

Се замолуваат жителите на улица Благој Абрашев - Дворови, да ги препаркираат своите возила од улицата, бидејки утре(четврток) 23.08.2018 ќе се врши бетонирање на делот каде е отстранет стариот бетон и е извршено тампонирање.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Времен режим на сообраќај на мостот кај Башино Село

На ден 16.08.2018 година во период од 14:00 – 20:00 часот, сообраќајот на општинскиот пат Башино Село – Велес ќе се одвива со наизменично запирање и пропуштање на возила (половина час запирње – половина час одвивање на сообраќајот).

Повеќе...

Градоначалникот на Општина Велес Објавува места на кои е дозволено да се истакнуваат плакати во врска со Референдумот за консултирање на граѓаните на Република Македонија за прашањето

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Градоначалник на Општина Велес
Број 08-4061/1
07.08.2018 година
Велес

Врз основа на член 78 од Изборниот законик („Службен весник на РМ” бр. 40/06, 127/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 31/15, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018 и 140/2018), член 55 и 56 од Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија („Службен весник на РМ” бр. 84/2005, 161/2008, 51/11 и 109/14) и член 50, став 1, точка 16 од Закон за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 05/02), а во врска со Одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, за распишување на референдум на државно ниво бр. 08-4666/1 од 30.07.2018 година („Службен весник на РМ“ бр. 140/2018), Градоначалникот на Општина Велес

Повеќе...