Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - Трето авионско третирање против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 04 август (сабота) 2018 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 05 август (недела) 2018 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Соопштение

Соопштение за планирани боеви активности на територија на АП Криволак во период од 30.07.2018 година до 24.08.2018 година

Во врска со добиенето известување од Мин. за Одбрана, Генералштаб на АРМ, Воена Пошта 2733/50, заведено под број 17-186/1 од 26.07.2018 година.

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец јули

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 19.07.2018 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

Благодарност до граѓаните

Почитувани сограѓани,

Општина Велес Ви благодари за масовното присуство и поддршката на прославата во чест на поканата за членство во НАТО.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја известува јавноста дека во во месец јули ќе бидат преземени одредени активности на концесиското поле „Баш колиби“ или познато како депонија за троска на некогашна Топилница за олово и цинк.

Повеќе...

Јавен оглас бр.01/2018 за вработување на неопределено работно време, овластени службеници во областа на безбедноста

Врз основа на  член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(,,Сл.весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18),член 11 од Законот за пожарникарство (,,Службен весник на Република Македонија бр.67/04......39/16) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005..... 120/2018),

Градоначалникот на Општина Велес објавува 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2018

за вработување на неопределено работно време, овластени службеници

во областа  на безбедноста

Повеќе...

Езерото „Младост“ безбедно за капачите

На 17-та седница на Советот на Општина Велес одржана на 9 јули годинава, помеѓу 21 точка на дневниот ред, беше разгледана информација на велешкиот Центар за јавно здравје за санитарно-хигиенската состојба на езерото „Младост“ во 2017 година.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП ЗА УБ 54 ДЕЛ ОД УЕ 11, КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2016 година со Одлука бр бр. 27-6567/9 од 16.11.2015 година, од Советот на Општина Велес,  Градоначалникот на Општина Велес  го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Предлог  

ДУП ЗА  УБ 54 ДЕЛ ОД УЕ 11,  КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Повеќе...

ОБЈАВА бр.3/2018

ОБЈАВА бр. 3/2018

 за давање на деловни и административни простории во закуп и за продажба на движни ствари во сопственост на

Општина Велес со електронско јавно наддавање 

Повеќе...

Известување за реконструкција на сливна решетка на улица „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Коневски“

Општина Велес во интерес на подобрување на патната инфраструктура, санирање на проблемите како и олеснување на комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат на тој дел од градот, планира реконструкција на сливна решетка на улица „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Коневски“.

Повеќе...