Соопштенија

Известување за градежни работи

Од утре, 21 август 2019 ќе започнат градежните работи за реконструкција на раскрсница во населбата „Керамидна“, од спојот на улицата „Наце Димов“ со улицата „Стефан Димитров“. Ќе се вршат градежни работи за подобрување на условите за одвивање на сообраќај .

Повеќе...

Честитка по повод Светскиот ден на хуманитарните работници

Почитувани хуманитарни работници,

Со голема благодарност за вашата благородна мисија и успешната соработка, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓанките и граѓаните, ви гo честитам 19 август, Светскиот ден на хуманитарните работници.

Повеќе...

Честитка по повод Денот на Армијата

Почитувани припадници на Армијата на Република Северна Македонија, Во свое лично име, во името на Советот на Општина Велес и во името на сите граѓани, ви го честитам 18. август, Денот на Армијата. Вашето несебично залагање и посветеноста кон работата придонесуваат кон унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани.

Повеќе...

Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола за Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги "КЕПС МОНТ ГРОУП" ДОО Скопје

Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола
за Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги "КЕПС МОНТ ГРОУП" ДОО Скопје

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-2471/3 од 13.08.2019 г.

Повеќе...

Информација за одржување на јавна расправа по нацрт верзија на Студија за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја известува заинтересираната јавност дека како Инвеститор на “Под – проектот Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес, заедно со консултантите од компанијата ENCON ја изработија Студијата за оцена на влијание на проектот врз животната средина.

Повеќе...

Честитка од градоначалникот Kоцевски по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите

 

Драги млади, 

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните Ви го честитам 12 август, Меѓународниот ден на младите.

Вие сте двигателот на промените во општеството,  носечкиот столб на нашата заедница.  Вашиот младешки потенцијал треба да се развива кон развој на позитивните вредности.

Повеќе...

Известување за градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на ул. „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Конески“

Ве изестуваме дека на ден 13.08.2019 година се предвидени градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на дел улица “Љубљанска“ во Велес, лоцирана под ООУ “Блаже Конески“.

Повеќе...

Честитка по повод Курбан Бајрам

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед,

Со искрена благодарност за Вашиот голем придонес во негувањето на соживотот со граѓаните од сите заедници и Вашата несебична поддршка во развојот на Велес, 

во свое лично име, во име на Советот на општината и во име на граѓаните, Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам.

Повеќе...

Исправка на објава бр.1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

 ИСПРАВКА НА ОБЈАВА број 1

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

             Во Објавата број 1 за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес, објавена во дневните весници Нова Македонија и Вечер од 27-28.07.2019 година и во Службен весник на Република Северна Македонија, согласно член 56 од Законот за градежно земјиште (''Службен весник на РМ'' бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16 и 190/16), се вршат следните исправки:

Повеќе...

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод празникот „Св.великомаченик Пантелејмон“

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Со голема благодарност за Вашиот сесрден придонес во негувањето на културните, духовните и историските вредности на Велес, Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, Ви го честитам празникот  „Свети великомаченик Пантелејмон“, заштитникот на Велес и Повардарието, со желба за добро здравје, успех и благосостојба.

       Со почит,

  Градоначалник
на Општина Велес
    Аце Коцевски 

Јавен увид во Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола за ДПТТ "МИСА-МГ" ДООЕЛ експорт-импорт Скопје – локалитет ГРООТ Велес

Општина Велес ја изготви Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола за ДПТТ "МИСА-МГ" ДООЕЛ експорт-импорт Скопје – локалитет ГРООТ Велес.

Повеќе...