Соопштенија

Известување за прекини во електричното напојување

ЕВН ги известува граѓаните дека на 24 јуни (недела)  и  25 јуни 2018 (понеделник), во периодот од 4 до 7 часот наутро ќе има кратки прекини со електрично напојување на подрачјето на Општина Велес  поради годишна ревизија на напојната трафостаница. Апелираме до граѓаните да ги имаат во предвид посочените периоди и соодветно да ги планираат своите активности.


Повеќе...

Одлука за прогласување Ден на жалост во Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/02) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14),

Советот на Општина Велес на вонредна седница одржана на ден 21.06.2018 година, донесе

О Д Л У К А
за прогласување Ден на жалост во Општина Велес

Повеќе...

22.06.2018 - Ден на жалост во Велес

Советот на Општина Велес на вонредната седница одржана на 21 јуни годинава донесе едногласна одлука 22 јуни 2018 година (петок), денот кога ќе се погребаат посмртните останки на трите малолетни деца што го загубија животот во пожар да се прогласи за Ден на жалост во Велес.

Повеќе...

Известување за градежни активности на патиштата

Општина Велес издаде налог на економскиот оператор ДТСУ „Мирсат Комерц“ за чистење на банкини на два патни правци и тоа: локалниот пат кон населените места Дурутовец и Чолошево и локалниот пат кон село Ораовец.

Повеќе...

ОБЈАВА бр. 2/2018 за добивање право за поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес

ОБЈАВА бр. 2/2018

за добивање право за поставување

на  билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес, со електронско јавно наддавање 

Врз основа на член 2, став 4, алинеја  2, член 39, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15 и 190/16) Комисија за водење на постапка за поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес, согласно Одлука за утврдување на почетна цена за поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес(„Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 07/18 и 8/18) и Записникот од одржаната седница на Комисијата од 21.05.2018год. 

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ

Почитувани граѓани,

 Општина Велес во интерес на подобрување на патната инфраструктура, санирање на проблемите коишто настанаа како последица на неодамнешните поројни дождови, како и олеснување на комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат на тој дел од градот, планира реконструкција (бетонирање) на спојот помеѓу улиците  „Вера Циривири“ и ул. „Ѓорѓи Димитров“

Повеќе...

ПОВИК ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ АДВОКАТИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ПРЕД НАДЛЕЖНИТЕ СУДОВИ

ПОВИК
ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ АДВОКАТИ
ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
ПРЕД НАДЛЕЖНИТЕ СУДОВИ

Општина Велес ГИ ПОВИКУВА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ АДВОКАТИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД ВЕЛЕС, да достават своја понуда за застапување на Општина Велес пред сите надлежни судови.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ - прво авионско третирање против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 31 мај (четврток) 2018 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 01 јуни (петок) 2018 год.

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец мај

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 30.05.2018 година (среда) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

Покана по повод 9 Мај -Денот на Европа

По повод одбележувањето на 9 Мај-Денот на Европа, Општина Велес Ве поканува заеднички да го одбележиме 68-от роденден на Европската Унија.  

Празникот ќе биде одбележан со следната програма:

Повеќе...