Соопштенија

Соопштение за даночните обврзници

Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои се даночни обврзници по основ на данокот на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот дека даночната администрација на Општина Велес ги достави решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2015 година.

Повеќе...

ВРЕМЕН РЕЖИМ ЗА ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗА ВРЕМЕ НА „ПИТИЈАДА“

Поради одржување на манифестацијата „ Велешка Питијада “ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 07.10.2015 година па се до 11.10.2015 година сообраќајот времено се преуредува и тоа:

Повеќе...

ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 23, став 3 од Законот за угостителска дејност („Сл.весник на РМ“ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14 и 129/15) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл. гласник“ на Општина Велес бр. 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Советот на Општина Велес на седницата одржана на 25.09.2015 година, донесе

ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес

Член 1

Со оваа Одлука се врши продолжување на работното врме на угостителските објекти кои работат на подрачјето на Општина Велес, за време од два часа од регистрираното работно време на угостителскиот објект.

Член 2

Продолжувањето на работното време од два часа, важи од 09.10.2015 година до 11.10.2015 година, по повод одржувањето на манифестацијата „Велешка пита пастрмајлија-2015“.

Повеќе...

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод 5-ти октомври – Светскиот ден на учителите

Почитувани учители,
Од мое лично име, од името на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани, дозволете ми да Ви го честитатм 5-ти октомври – Светскиот ден на учителите. Денес сите ние ја прославуваме Ваша одданост и верност, вашата љубов и животно мото, да се образува и воспитува, да се гради иднината. Во понатамошниот период Ви посакувам уште поголеми резултати, успеси и просперитет во работа со учениците!

Повеќе...

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2015 година

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2015година
Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.7/97;7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело - „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03),
Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2015 година.

Повеќе...

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2015 година

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2015 година
Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2015 година.

Повеќе...