Соопштенија

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Божиќ

Почитувани,

Со желби за мир, спокојство, радост и разбирање, Во името на Советот на Општина Велес, во името на граѓаните на Општина Велес и во мое лично име, дозволете да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото рождество - Божиќ.

Повеќе...

ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ЦРКВИНО КЕ СЕ ВОВЕДУВА ОРГАНИЗИРАНО СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД

Од 02.01.2016 година во населеното место Црквино за прв пат ќе се воведе услугата за собирање и транспортирање на комунален отпад. Постапката на евиденција на корисниците веќе е завршена и веднаш по новогодишното празнување ЈКП „ Дервен“ ќе започне со собирање на комуналниот отпад. По принципот на универзалност на услугата на целата територија на Општина Велес и за жителите на Црквино услугата ќе се извршува два пати во седмицата – во среда и сабота.

Повеќе...

РЕАКЦИЈА НА ПРИЛОГОТ „ВЕЛЕС – ДЕСЕТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА И ОД БУЏЕТОТ” ОБЈАВЕН НА „МЕТА.МК”

Општина Велес реагира на објавениот прилог под наслов „Велес - Десет села отсечени од цивилизацијата и од буџетот” изготвен oд страна на тимот „Мета.мк“. Истот претставува тенденциозен обид за презентирање на Локалната самоуправа во негативно светло, игонорирајќи го сето она што е направено во досегашниот период за споменатите населени места.

Повеќе...

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод раѓањето Христово (Божиќ) според Грегоријанскиот календар

Почтитувани,

Ми претставува особена чест и задоволство до сите граѓани на Општина Велес кои го го слават раѓањето Христово според Грегоријанскиот календар да упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник - Божиќ.

Повеќе...

ПРОДОЛЖЕНИ РОКОВИТЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ

Согласно последните измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти утврден е нов рок за поднесување на барања за легализација заклучно со 31-март 2016-та година. Новите измени, Општина Велес започна да ги применува од денот на влегување во сила на законот поточно од 21.12.2015година (понеделник), а веќе се примија и првите барања од наши сограѓани за легализација на своите објекти.

Повеќе...

Новогодишна свеченост во сала ‘’Бели Мугри’’

Почитувани ,
Ве известуваме дека на ден 29.12.2015 година во 12:00 часот ќе се одржи Новогодишна свеченост во сала ‘’Бели Мугри’’.
Воедно Ве известуваме дека по повод затворање на проектот „Велес – град на културата 2015“ ќе се одржат 5 театарски претстави во Театар „ЈХК-Џинот“ Велес .
Претставите се со бесплатен влез , со навремено подигање на влезници од билетарата на театарот.

Повеќе...

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец декември

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15 и 129/15) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 27.01.2016 година (среда) со почеток во 16:30 часот.

Повеќе...

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Денот на наставата на турски јазик

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми до сите припадници на турската заедница во Општина Велес да упатам срдечни честитки по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

Повеќе...