Соопштенија

ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ СОВЕСНО КОН ПРИРОДАТА

Согласно Програмата за одржување на Јавна чистота на територијата на Општина Велес, предвидена за 2015 година, пред почетокот на месец Мај од страна на ЈКП ,,Дервен" се изврши чистење на Езеро ,,Младост".

За време на престојните празнизници од страна на ЈКП,,Дервен" ќе бидат поставени дополнителни садови за отпад.

Повеќе...

Објава на Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола

Друштво за производство и трговија МАРГО-БРАН ДОО Велес, оператор на инсталацијата за интизивно свињарство/центар за интезивна репродукција на маториици и одгледување на прасиња до 25 кг. е во постапка на добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола.

Повеќе...

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец април

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14 и 44/15) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 29 април 2015 година (среда) во 19 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на Општина Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Улицата „Славе Петков” поради изведба на градежни работи за изведба на потпорен ѕид пред број 122 ќе биде целосно затворена за одвивање на сообраќај на потег од број 120 до спој на истата со улицата „Кирил и Методиј” во период од 17.04.2015 година во 10.00 часот до 19.04.2015 година до 10.00 часот.

 

Јавен повик за пројавување на интерес за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен пазар во Општина Велес

 

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), а согласно Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Велес  за 2015 год. („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 13/14)
Општина Велес  на ден 14.04.2015 година, објавува 

ЈАВЕН ПОВИК
за интерес
Повик за пројавување на интерес за воспоставување на јавно
приватно партнерство за изградба на затворен пазар во Општина Велес

Повеќе...