Соопштенија

ЈАВЕН АПЕЛ - зголемен водостој на реката Вардар

Општина Велес ја информира јавноста дека водостојот на реката Вардар се наоѓа на критичното високо ниво а според информациите на надлежните служби во наредниот период се очекува и зголемување на приливот на вода.

Повеќе...

Изгубени се лични документи

Изгубени се лични документи (пасош, лична карта и возачка дозвола) на име Colas Beaugé (КОЛА БУЖЕ) од Република Франција. Се молат чесните наоѓачи документите да ги достават во СВР Велес или во Општина Велес кај лицето Јадранка Стефкова (канцеларија 232 406/локал 114, мобилен 070 302 219).

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ДУП за дел од УБ 49, УЕ 9

 

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:


ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

Повеќе...

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - викенд населба, во КО Башино Село и КО Новачани

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Урбанистички план вон населено место за изградба на комлекс со намена, А4 - времено сместување - викенд населба, во КО Башино Село и КО Новачани, Општина Велес плански период 2014-2024 год.

Повеќе...

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - Нацрт ДУП за УЕ 1, УБ 3

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

Повеќе...