Соопштенија

Одлука за спроведување на стратегиска оцена - ЛУПД за стопански комплекс со основна намена на површини Г2

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 04 .02 .2015 година, донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со основна намена на површини Г2 – лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318 КО Велес, Општина Велес кој го донесува Општина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

Повеќе...

„IN VINO VERITAS" - Концерт за виното и љубовта

Во рамките на проектот „Велес - Град на културата за 2015 година" во Петок на 13.02.2015 година ќе се одржи Концерт за виното и љубовта насловен како „IN VINO VERITAS". На концертот ќе настапат Орхидеа Дукова, Мики Секуловски и Верица Пандиловска. Настанот е со почеток од 19.00 часот.

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец февруари

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14 и 166/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 27 февруари 2015 година (петок) во 18 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на Општина Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА - безбедност на водата

Согласно Правилникот за безбедност на водата, а поради актуелните случувања и поплавени подрачја по течението на речните корита Општина Велес ги известува граѓаните сопственици на бунари дека водата од истите е загадена и не треба да се користи за пиење, миење и готвење. Исто така природните чешми на територијата на Општина Велес имаат вода со променлив квалитет најчесто физичко хемиски и бактериолошки не безбедна за консумирање и истата не треба да се користи. Единствено треба да се користи водата од градскиот водоснабдителен систем која е здравствено безбедна вода.

Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев

ОБЈАВА број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

ОБЈАВА број 1 
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

 ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:

 

  1. Детален урбанистички план за Урбана единица VII- блок 42 локалитет Касарна- опфат 3- плански период 2010-2015- Општина Велес, донесен со Одлука бр. 07-5278/2 од 01.11.2010 година, со намена на градба А2-Домување во станбена зграда со компатибилна класа на намена Б1 со карактеристики согласно Табеларен преглед бр.1

Повеќе...

Јавен апел - УХМР

Oпштина Велес ги известува сите граѓни дека според информациите од УХМР, овие денови нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба.

Во Велес критична точка претставува течението на реката Вардар низводно од левата и десната страна, пред и по мостот кај Башино село, во месноста Шорка, бавчите во Речани и Рени бунарите, кои се за снабдување со вода. Опсасност од излевање постои и кај градскиот парк, фудбалското и ракометното игралиште, околината на железен мост (месност Дворови), Автобуска станица, Мало Мовче и низводно во околината на фабриката „Димко Митрев”.

Ризични подрачја се и суводолиците во сите населени места каде постои опасност од излевање на надојдените води.

Во таа насока, упатуваме апел до сите жители, сопственици на викенд куќи и одгледувачи на добиток во наведените критични подрачја будно да ја следат состојбата и доколку има потреба да превземат итни мерки за соодветна заштита од поплави.

Општина Велес ги стави на располагање сите расположливи ресури и е во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев