Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

 ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијатa „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“ презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.

Повеќе...

Известување за градежни активности на улицата „Киро Рогужаров“

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од денес, 24.09.2018 (понеделник) на улица Киро Рогужаров ќе се изведуваат градежни работи за санирање на ударни дупки на улицата со завршен слој бетон. Градежните работи ќе се изведуваат  од потегот – спој на ул Киро Рогужаров – Вера Циривири до спој Киро Рогужаров – Димитар Влахов.

Повеќе...

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Велес објавува: 

Ј А В Е Н  П О В И К

 за  доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Повеќе...

Известување за реконструкција на водоводна линија на улица Трајко Митев

Се известуваат граѓаните дека од денес (11.09.2018) започнува реконструкцијата на водоводната линија на улицата Трајко Митев  – од спој со улица Димитрија Чуповски па се до спој со улица Мицко Козар.

Повеќе...

Честитка од Градоначалникот по повод Денот на независноста

Почитувани сограѓани,

Со голема благодарност за Вашиот личен придонес во развојот на Велес, во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес Ви го честитам 8. Септември, Денот на независноста на Република Македонија и ви посакувам многу успеси во сите индивидуални и заеднички предизвици.

Повеќе...

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Велес, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 06.09.2018 година година се објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа 

Повеќе...

Општина Велес изврши ревизија на уличното осветлување во с. Бузалково

Известување

Ве исвестуваме дека ден 03.09.2018 год. по барање на граѓаните, Општина Велес изврши ревизија на уличното осветлување во с. Бузалково . При тоа беше утврдена неисправност на поголем број на светилки за улично осветлување .

Повеќе...

Јавен повик за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/02) и член 45, став 1, од Статутот на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), а согласно Правилникот за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес. („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 5/15, 11/18), 

Комисија за распределба на простории сопственост на Општина Велес на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации при Советот на Општина Велес на ден  04.09.2018 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

 за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес 

Повеќе...