Демографски карактеристики на Општина Велес

Првите жители на Вила Зора (денешен Велес) се раселените граѓани од античкиот град Стоби. Полека, со текот на времето мешајќи се со словенското население нивниот идентитет исчезнал. Велес го населувале словени - наречени Македонци по територијата на која се населиле.

Имајќи за цел да го освојат просторот, но и да го асимилираат населението, во пописите во тоа време почнува да се среќава покрај македонското и турското население.

Со развојот на комуникациите и глобализацијата на Балканот, Велес добива шареноликост во својата демографска карта, но секогаш процентуално околу 80% е македонско население.

 

Според статистичките податоци од пописот во 2002 година, по новата територијална поделба, Општина Велес брои 55 108 жители од кои

  • 50,1% се од машки пол (27 632);
  • 49,9% се од женски пол (27 476);

Има вкупно 16 959 домаќинства, вкупниот број на станови е 20 717, а просечната големина на семејство изнесува 3,25 члена и бележи тренд на опаѓање.

Има вкупно 44 820 население на возраст од 15 и повеќе години, од кои економски активни се 24 248, а неактивни 20 572 граѓани. Во општината има вкупно 16 688 невработени лица, од кои 12 053 се од град, а 4 635 од село (податоците се од Агенција за вработување на РСМ, состојба на 31.05.2005 г.);

Националност:
  • 84,86 % Македонци (46 767)
  • 4,37 % Бошњаци (2 406)
  • 4,17 % Албанци (2 299)
  • 3,13 % Турци (1 724)
  • 1,45 % Роми (800)
  • 0,98 % Срби (540)
  • 0,62 % Власи (343)
  • 0,42 % други (229)

Вкупно население (на возраст над 10 години) по пол и писменост:
  • писмени 47 655, од кои 24 104 се мажи и 23 551 се жени;
  • неписмени 1 399, од кои 406 се мажи и 993 се жени.
Структура на население (на возраст над 15 години) според школска подготовка:
  • сеуште во процес на образование - 58
  • без никакво образование - 1 461
  • со непотполно основно образование - 6 243
  • основно образование - 12 401
  • со средно - 20 491
  • со вишо - 1 553
  • со високо - 2 770
  • магистратура - 40
  • докторат - 7

Констатиран е значаен пораст на миграцијата од село во град до 90-тите години, а во последните десетина години има обратна миграција, особено на постара популација. Констатиран е и значаен пораст на миграција на работоспособно население од општината надвор од границите на РСМ.

Забелешка: Податоците се од Пописот на населението, домаќинствата и становите во РМ, 2002 година, прилагодени на новата територијална поделба на РСМ, дефинитивни податоци, мај 2005.
Нема слики