Соопштенија

Одлука за определување на работното време на Општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес, врз основа на член 50, став 1, точка 14 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 4, став 5 од Законот за административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15 и 5/16) а согласно член 26 од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на РМ” бр. 10/08 и 88/08) на ден 31.05.2016година, донесе

Одлука за определување на работното време на Општина Велес

Повеќе...

Општина Велес во партнерство со Советот на млади при Општина Велес организира Летна школа за млади копаничари

Почитувани,
Согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2016 година, а со цел да се зачува традицијата и старите занаети, Општина Велес во партнерство со Советот на млади при Општина Велес организира Летна школа за млади копаничари.
Летната школа ќе се реализира во периодот од 15-29 јуни во куќата на Касапови.

Повеќе...

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец мај

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15 и 129/15) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 31.05.2016 година (вторник) со почеток во 16:30 часот.

Повеќе...

Акцијата за собирање на габаритен отпад во Општина Велес со извонреден одзив кај граѓаните

Пролетната акција за собирање на габаритен отпад, која се реализираше од 10-ти до 30 април 2016г. заврши со неочекувано голем интерес кај граѓаните.
Во оваа акција 111 домаќинства пријавија до ЈКП Дервен потреба од собирање на габаритен отпад, по што јавното претпријатие изврши превземање на отпадот од нивните домови, негов транспорт до општинската комунална депонија и соодветно постапување со истиот.
Во акцијата се собрани 32 каучи, 5 спални, 1 кујна, 36 душеци, 21 фотеља, 15 столови, 12 врати, 18 прозори, 10 теписи, 4 ролетни, 7 витрини, 3 троседи, 4 шкафчиња, 2 кади, 2 wc школки, 7 дрвенарии, 2 детски колички, 2 сервиси, 1 закачалка и броен ситен домашен инвентар.

Повеќе...

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

 

Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес на сите просветни работници, ученици и сите граѓани на Велес им го честитам државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Просветителскиот дух што ги водел светите браќа пред 12 века, желбата да се описменат што повеќе Словени, да се доближат до науката и до Бога, го означи почетокот на интелектуалната преродба на словенските народи.

Повеќе...

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод големиот празник 23 мај - Националниот ден на Власите

Почитувани граѓани, драги пријатели, припадници на влашката етничка заедница.
Дозволете ми од мое лично име и од име на Советот на Општина Велес да Ви го честитам големиот празник 23 мај - Националниот ден на Власите и да Ви посакам добро празнично расположение, исполнето со многу здравје, радост, среќа и бериќет.

Повеќе...

Се изврши првото авионско третирање против комарци

Согласно законот за заштита на населението од заразни болести, општина Велес на 23 –ти мај годинава спроведе авионско третирање против комарци. Во раните утрински часови третирањето го спроведе овластена фирма која има одобрение од министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Авионското третирање против комарци се вршеше час и половина со препарат одобрен од министерството.

Повеќе...

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев упати честитка по повод 20-ти Мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија

На сите професионалци во ТППЕ Велес и на членовите на Доброволното противпожарно друштво „Видра“, им упатувам честитки по повод 20-ти Мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија.Горд сум на Вас и на Вашето несебично залагање, на Вашата инвентивност и се поголемото присуство меѓу граѓаните.

Повеќе...

Објава на Б-интегрирана еколошка дозвола

Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола 

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-8/8 на: 

Повеќе...

Авионско третирање против комарци - 23.05.2016 год. (понеделник)

Општина Велес ја информира јавноста дека, поради лошите временски услови, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 23 Мај (Понеделник) 2016 год. во периодот од 05.00 часот до 06.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 24 Мај (Вторник) 2016 год.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Повеќе...

Кампања за подигање на свесноста на заболувања на тироидната жлезда „Виолетов Караван 2016"

Кампања за подигање на свесноста на заболувања на тироидната жлезда „Виолетов Караван 2016"
Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден„ од Скопје кон крајот на Мај 2016 година ја организира Кампањата за подигање на свеста кај населението за тироидна жлезда „Виолетов Караван 2016„ . Централната активност на Кампањата ќе биде одбележување на Интернационалната недела за подигање на свеста за тироидната жлезда во период од 23 до 29 мај 2016 година во Скопје и градовите низ Македонија.

Повеќе...