Соопштенија

Соопштение - четврт термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 3 декември 2014 година (среда) во 18 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Нацрт ДУП за дел од УБ 49, УЕ 9

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

Повеќе...

Известување - краен рок за подмирување на данок на имот е 15 ноември 2014

Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои се даночни обврзници по основ на данокот на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот дека даночната администрација на Општина Велес ги достави решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2014 година.

Повеќе...

Известување за одржување на изложба - илустрации на Василие Поповиќ Цицо

Во вторник 18.11.2014 Во Ликовниот салон во Велес ќе се отвори изложба на карикатури, акварели, илустрации на Василие Поповиќ Цицо. Изложбата е јубилејна по повод 100 години од раѓањето ( !914-!962) на Цицо, насловена Сеќавање и Омаж на Василие Поповиќ – Цицо. Роден е во Скадар, Црна гора, а од пет години, до крајот на животот живеел во Скопје. Уметничка академија завршил во Белград. На изложбата ќе бидат поставени 60-тина дела на Цицо кои го предскавуваат како акварелист, карикатурист, сценограф, костимограф и илустратор.

Повеќе...

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13 и 187/13 на ден 06. 10 2014 година, Градоначалникот на Општина Велес донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1. За Планскиот документ , Урбанистички план вон населено место (УПВНМ) во Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10,18/11, 53/11,144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

Повеќе...

Соопштение - трет термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 21 ноември 2014 година (петок) во 18 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

ОБЈАВА - Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-2946/9 на:

Оператор на инсталацијата/носител на дозволата:
Друштво за производство, трговија и транспорт
МИСА-МГ ДООЕЛ експорт импорт Скопје
Адреса:
"Боро Менков" бр. 3а/2-6, 1000 Скопје-Бутел, Бутел
Локација на инсталацијата:
Наоѓалиште м.в. ГРООТ Општина Велес
Координати на локацијата:
41°44`46.93``N 21°44`48.01``E
Контакт лице:
Горан Ковиловски – менаџер за животна средина
тел./факс: 02/3120 098
Категорија на инсталација:
Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини доколку не се опфатени со Прилог 1 од Уредбата
Вид на активности:
Површински коп за експлоатација на никлоносна руда и варовник со линија за дробење и сепарација до 50 000 т/годишно

Б-интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk


ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев

Покана - јавни расправи по нацрт-документите на Општина Велес за 2015 година

Почитувани,
Општина Велес Ве поканува на јавни расправи по нацрт-документите на општината за 2015 година. Јавните расправи ќе се одржат на 03.11.2014 година (понеделник) во големата сала на Општина Велес и тоа за претставниците од урбани и месни заедници претставниците, преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации ( невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и сите заинтересирани граѓани со почеток во 18:00 часот

Повеќе...

Соопштение - втор термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 7-ми ноември 2014 година (петок) во 18 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 27-ми октомври 2014 година во 18 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на Работнички универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.