Соопштенија

Новогодишна илиуминација

ЈАВЕН ПОВИК
НОВОГОДИШНА ИЛИУМИНАЦИЈА

Општина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во уредувањето на сопствените објекти во пресред на новогодишните и божиќните празници.

 Согласно, Одлуката за востановување награда за најуспешна празнична илуминација донесена од СОВ  ќе се доделува НАГРАДА во 3 категории:

Повеќе...

Ивестување за истек на рок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Општина Велес известува дека врз основа на член 2 став 1 од Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти(„Сл.весник на РМ“ бр.190 од 25.12.2017 година), рокот за поднесување на барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти истекува на 31 декември 2018 година.

Повеќе...

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2018 за прием на работници во работен однос на неопределено време во општинската администрација на Општината Велес

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18), член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005..... 120/2018), 

Градоначалникот на Општина Велес објавува 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2018 

за прием на работници  во работен однос на неопределено

време во општинската администрација  на  Општината Велес

 Општинската администрација на Општината Велес има потреба од работнци со засновање  на работен однос  на неопределено време  за  работни  места во:                                                  

  • Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа и тоа:

1.Назив на работно место – работник за давадање на податоци и информации, Ниво А2, ред. шифра УПР 04 05 А02 013

Број на извршители -   4(четири)

општи услови:

  • да е државјанин на РМ;
  • да е полнолетен;

-     активно да го користи македонскиот јазик,

  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

  • стручни квалификации: Средно гимназиско образование или средно техничко образование

(градежна или архитектонска струка), со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/МКСОО

-работно искуство: со или без работно искуство

 

2.Назив на работно место – хигиеничар, ниво А3, шифра УПР 04 05 А03 004          

Број на извршители - 3(три) 

општи услови:

  • да е државјанин на РМ;
  • да е полнолетен;
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

посебни услови

стручни квалификации:

  • основно образование
  • работно искуство: со или без работно искуство
  • Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,
  • дневно работно време: од 07:30 часот до 15:30 часот

 Кандидатите кон Пријавата за засновање работен однос  треба да ја достават следнава потребна документација: 

  • Биографија (CV)
  • Диплома  за завршено образование, оригинал  или заверен  препис
  • Уверение за Државјанство на Република Македонија
  • Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување како доказ за работното искуство(оригинал или заверен на нотар);

Јавниот огласот трае 5  дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го и  денот на објавување во дневен печат.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.

 

Износот на месечна нето плата за работното место од точка 1 изнесува  15.000,оо денари.

Износот на месечна нето плата за работното место од точка 2 изнесува  12.200,оо денари.

 

Пријавата за вработување може да се превземе  од веб страната  на Општина Велес: www.veles.gov.mk

 Пријавата  за вработување  треба да содржи :

  • податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број , датум и место  на раѓање , адреса и место на живеење, електронска  адреса  на кандидатот, контакт телефон,припадност  на заедница)
  • кратко мотивационо писно,
  • изјава за исполнување  на општите  услови за работно место со наведување ДА/НЕ за секој  услов одделно,
  • изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување  ДА/НЕ  за секој услов одделно,
  • изјава за исполнување  на други посебни услови за работното место со наведување ДА/НЕ  за секој услов одделно. 

Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес   ул. „Панко Брашнар“ бр.1   - Велес, со назнака: за Јавен оглас бр.03/18. 

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни  и истите нема да се разгледуваат. 

За Општина  Велес, тел.контакт 043-232 406, локал 112,


Јавен оглас бр.02/2018 за вработување на неопределено работно време, овластени службеници во областа на безбедноста

Врз основа на  член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18), член 11 од Законот за пожарникарство (,,Службен весник на Република Македонија бр.67/04......39/16) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005..... 120/2018), 

Градоначалникот на Општина Велес објавува 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2018

за вработување на неопределено работно време,

овластени службеници во областа  на безбедноста

Повеќе...

Работна посета за зајакнување на општинските совети

Во рамките на  проектот „Зајакнување на општинските совети“, делегација составена од претседатели на совети и советници од 13 македонски општини беше во работна посета на Република Хрватска и Република Словенија во периодот од 19 до 24 ноември.

Повеќе...

Од утре - нов режим на собирање на отпадот во центарот на Велес

До денес ЈКП „Дервен“ како овластен оператор за постапување со комуналниот и комерцијалниот отпад на територијата на Општина Велес беше должен да го собира отпадот два пати во неделата, а во централното градско подрaчје и главните сообраќајници секој ден, освен во сабота.

Повеќе...

Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на Град Велес

Врз основа на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на Град Велес, правните и физичките лица можат да вршат достава на стока во определените зони во следните временски интервали:

Повеќе...

Конкурс за учество во финансирање на проекти за манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година

Општина Велес ги информира и охрабрува сите здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата што делуваат во локалната заедница да земат учество на конкурсот за финансирање на проекти за манифестацијата „Млади Европејци“ во 2018 година.

Повеќе...

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2018/2019 година

 

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес 13/2015), а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес бр.25- 5908/3 Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 21.11.2018 година, распишува

 К О Н К У Р С

за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2018/ 2019 година

 

За учебната 2018/ 2019 година, Општина Велес ќе додели:

  • 10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
  • 10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

 

 Услови за доделување на стипендии

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови:

  1. Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех,  кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
  2. Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на  меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
  3. Да се жители на Општина Велес и
  4. Да се државјани на Република Македонија.

 

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

 

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех
  3. Уверение за положени испити.
  4. Потврда за запишана година на факултетот.
  5. Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
  6. Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
  7. Потврда за објавени стручни трудови.
  8. Препорака од предметниот наставник/ментор на студентот.
  9. Препорака од наставничкиот колегиум/училиштето-факултетот.
  10. Уверение за семејно и материјална положба.
  11. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
  12. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
  13. Фотокопија од лична карта или пасош. 

 

Место и рок за поднесување на документите

 

Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака  „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул.„Панко Брашнар”  бр.1 Велес со доставување во Општинскиот центар за услуги или по пошта.

  • Рокот за поднесување на документите е од  22.11.2018 до 3.12.2018 година.
  • Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги или на веб-страната на Општина Велес
  • Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Резултатите од конкурсот ќе бидат најдоцна до 10.12.2018 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.

Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.

Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 226.

Конкурсот ќе биде објавен:

  • на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес
  • на огласна табла во Општинскиот центар за услуги
  • на огласна табла во сите средни училишта во градот
  • на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес
  • на локалните медиуми.

 

 

Број 25-5908/4                                                                                                                                                       ПРЕТСЕДАТЕЛ

21.11.2018 година                                                                                                                               на Комисија за стипендирање на

Велес                                                                                                                                                  талентирани ученици и студенти на

                                                                                                                                                                      Советот на Општина Велес,

                                                                                                                                                                             м-р Живко Пренџов