Соопштенија
Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод 23 мај - Националниот ден на Власите
Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница
Од мое лично име и од името на Општина Велес, дозволете ми да Ви го честитам 23 Мај – Националнот ден на Власите. Сакам да Ви посакам пред се добро здравје. Празникот нека ви биде исполнет со радост, среќа, бериќет за Вас и Вашите семејства.
Започна со работа Собирниот центар за отпад од пакување

Ставен во функција е Собирниот центар за отпад од пакување кој го управува ЈКП Дервен. Се наоѓа во непосредна близина на градската депонија.
Со финансиска поддршка од буџетот на Општина Велес и со средства од ЈКП Дервен, на локацијата се поставени депо за складирање на отпад од пакување и депо за складирање на електричен и електронски отпад, поставен е видео надзор, електронска рампа за влез, пелетар со мерна вага и преса за балирање донирани од ПАКОМАК Скопје, како и сите пропратни содржини неопходни за функционирање на собирниот центар. Потребите за електрична енергија се обезбедуваат од сонце преку поставен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија.
СООПШТЕНИЕ - јавна презентација и јавна анкета - дел од УЕ 7 „Алексо Демниевски“ - дел од УБ 38

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2016 година со Одлука бр бр. 27-6567/9 од 16.11.2015 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Велес, локалитет - дел од урбана единица 7 „Алексо Демниевски“ - дел од урбан блок 38 – Општина Велес
СООПШТЕНИЕ - јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП за дел во УЕ 4, УБ 32, Општина Велес

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2016 година со Одлука бр бр. 27-6567/9 од 16.11.2015 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за дел во УЕ 4, УБ 32, Општина Велес
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16) на ден. 11.05. 2017 година, Градоначалникот на Општина Велес донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
114 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денес се навршуваат 114 години од смртта на најголемиот македонски син, револуционер со апостолска дејност, првенец на револуцијата, долго очекуван предводник што доаѓа да го подигне и организира народот за спасоносното дело на револуцијата.
Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги одржуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
План за реализација на акцијата „Чист град 2017“
Целта на Акцијата „Чист град 2017“ е евидентирање и отстранување на хаварисани, искористени и приклучни возила и земјоделски машини со приклучни или без приклучни орудија, од јавни сообраќајни површини, улици, паркинзи, хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила паркови и други јавни површини во град Велес.
Aкцијата ќе се одвива во две фази:
Јавен повик – За пријавување на штети од елементарни непогоди
Општина Велес ги повикува граѓаните кои имаат претрпено штета на земјоделските култури како последица од ниските темпетарури истата да ја пријават.
Пријавувањето се врши на следниот начин: Од Граѓанскиот сервис центар се подигнува образец „Пријава за настаната штета од елементарна непогода“. (истата може да се превземе и од интернет страницата на Општина Велес www.veles.gov.mk)
РЕЦИТАТОРСКИ КОНКУРС за сите средни училишта во Р.Македонија, во рамките на „Рациновите средби“ 2017

Здружението на граѓани „ФАД СТОБИ“, во својство на организатор на „Рациновите средби“ 2017, во соработка со СОУ Гимназија “Кочо Рацин“-Велес, објавуваат:
РЕЦИТАТОРСКИ КОНКУРС за сите средни училишта во Р.Македонија, во рамките на „Рациновите средби“ 2017
ПОЕТСКИ КОНКУРС за сите средни училишта во Р.Македонија, во рамките на „Рациновите средби“ 2017

Здружението на граѓани „ФАД СТОБИ“, во својство на организатор на „Рациновите средби“ 2017, во соработка со СОУ Гимназија “Кочо Рацин“-Велес, објавуваат:
ПОЕТСКИ КОНКУРС за сите средни училишта во Р.Македонија, во рамките на „Рациновите средби“ 2017
Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец април
Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 27.04.2017 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.