Соопштенија
ПРЕПОРАКИ за заштита на здравјето на населението од студени бранови и студено време
ПРЕПОРАКИ за заштита на здравјето на населението од студени бранови и студено време
Во зимскиот период:
•Вакцинирајте се навремено против сезонски грип (особено важи за лица над 60 години, и хронично болни лица)
•Редовно земајте ја пропишаната терапија и консултирајте го Вашиот матичен лекар.
•Пијте топли напитоци.
Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола - МАКИДА ТРЕИД ДООЕЛ Велес
ОБЈАВУВА
Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-52/1 на:
Новогодишна и божиќна честитка за граѓаните на Општина Велес
Почитувани сограѓани,
Дозволете од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес да ви ја честитам Новата 2017 година и Божиќните празници. Сакам да ви посакам мир и хармонија во вашите семејства, затоа што тоа е основата за сите понатамошни успеси за вас и за заедницата. Новата година нека ви донесе здравје и бериќет.
Божиќна честитка од Градоначалникот Славчо Чадиев за граѓаните со католичка вероисповед
Почитувани,
Во името на Советот на Општина Велес, во името на граѓаните на Општина Велес и во мое лично име, на сите граѓани христијани со католичка вероисповед, дозволете да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото рождество – Божиќ
Сакам да ви упатам желби за мир, спокојство, радост, разбирање и благодостојба.
Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Денот на наставата на турски јазик
Почитувани сограѓани,
Дозволете ми до сите припадници на турската заедница во Општина Велес да упатам срдечни честитки по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.
Денешниот празник е уште една можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво која постои уште од минатото и претставува трајна вредност која го одбележува животот и опстојувањето на овие простори
Покана за јавна расправа - Нацрт Буџет за 2017 година
Почитувани,
Општина Велес, Ве поканува на Jавнa расправa
На Јавната расправа ќе биде разгледуван: Нацрт – Буџетот на Општина Велес за 2017 година
Расправата ќе се одржи на 14.12.2016 година (среда) во големата сала на Општина Велес и тоа за:
СООПШТЕНИЕ - „ДЕН НА ДРВОТО 2016“

Општина Велес ги извесува сите граѓани дека 17-тата Акција „Ден на дрвото 2016“ ќе се реализира на ден: 30 ноември 2016 година (среда)
Пошумувањето ќе се реализира на локација м.в. Дерин дере (во непосредна близина на општинската комунална депонија).
За учесниците е организиран автобуски превоз со поаѓање по следниот распоред:
- Основен Суд Велес (на постојката на ул. Гоце Делчев) во 09.00 и во 11.00 часот
- ЕВН ЕСМ во 09.00 и во 11.00 часот и
- пред ОССУ „Коле Неделковски“ во 9.00 часот.
Општина Велес ги повикува граѓаните активно да се вклучат за успешно спроведување на акцијата. Со вашето присувство ќе придонесете за позелена околина, почиста и поздрава животна средина
Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец ноември
Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 24.11.2016 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.
Покана за јавни расправи по Нацрт-документите на општината за 2017 година
Општина Велес Ве поканува на Jавни расправи по Нацрт-документите на општината за 2017 година. Јавните расправи ќе се одржат на 07.11.2016 година (понеделник) во големата сала на Општина Велес и тоа за:
•преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани и
•претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 17:30 часот
На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2017 година:

