Соопштенија
ТЕРМИНИ ЗА БЕСПАТНО РЕКРЕАТИВНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО

Општина Велес за сите граѓани и вљубеници во тенисот, ова лето обезбедува бесплатни термини за рекреативно користење на тениските терени „Андон Ќосето” кои се наоѓаат во Градскиот парк.
Граѓаните кои се заинтересирани за користење бесплатни термини на тениските игралишта потребно е да се пријават во спортската сала „Гемиџии” и да остават податоци за име, презиме и телефон за контакт, името и презимето на лицето, односно лицата, со кои ќе го користат терминот, како и терминот за кој се заинтересирани.
Граѓаните се избираат по принципот - кој прв ќе закаже термин за бесплатно користење на тениското игралиште.
ПРЕПОРАКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ ЕФЕКТИ ОД НАДВОРЕШНИТЕ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО, ПРЕПОРАЧАНИ ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА РМ, ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РМ И ЦЕНТРИТЕ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ
1. Општи препораки за заштита од топлотен бран
• За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 1000-17°°часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 1000 часот или после 1700 часот.
• За време на топлотен бран во периодот од 1000-17°°часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.
ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО

28.06.2016 (Вторник), почеток во 20:00 часот
Гостување на Народно Позориште - Ниш, Р. Србија
„Жорж Данден“ (комедија)
Авионско третирање против комарци - 29.06.2016 год. (среда)
С О О П Ш Т Е Н И Е
Општина Велес ја информира јавноста дека второто авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 29 Јуни (Среда) 2016 год. во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 30 Јуни (Четврток) 2016 год.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.
Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола - ТОМПАНСА-САМ ДООЕЛ увоз-извоз Велес
Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-512/16 на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 36 и дел од УБ 37, УЕ VI, Општина Велес
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 36 и дел од УБ 37, УЕ VI, Општина Велес
Општина Велес во текот на вчерашниот ден го спроведе првото ларвицидно третирање
Општина Велес во текот на вчерашниот ден го спроведе првото ларвицидно третирање. Во раните утрински часови третирањето го изврши ЈЗО- Центар за Јавно Здравје – Скопје .
Акцијата беше спроведена од Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од Градскиот парк до делот на УЗ „Димче Мирчев“ па се до реонот на „Долни Дуќани“.
ОБЈАВА број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:
1.Урбанистички план вон населено место за изградба на комплекс со намена А4-времено сместување-викенд населба- во КО Башино село и КО Новачани, Општина Велес, донесен со Одлука бр. 27-4800/6 од 20.08.2015 година, со намена на градба А4-времено сместување со компатибилна класа на намена Б1, Б3, В2 и Д3, со карактеристики согласно Табеларен преглед бр.1
2.Измена и дополна на урбанистички план вон населено место- урбана единица 2-Блок 1 и 2-Езеро Младост-Општина Велес, донесен со Одлука бр. 0701-2095/2 од 16.05.2007 година, со намена на градба Б5-Хотелски комплекси со компатибилна класа на намена Б1, Б2, Б3, Б4, Б6, Д1, Д2 и Д3 со карактеристики согласно Табеларен преглед бр.2
Програма на 53-тите „РАЦИНОВИ СРЕДБИ“

Програма на 53-тите „РАЦИНОВИ СРЕДБИ“
„Бесмртна“
9 и 10 јуни 2016, Велес

