Соопштенија
Објава на Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола
Друштво за производство, трговија и услуги МАКИДА ТРЕИД ДООЕЛ Велес, инсталацијата за сепарација на песок е во постапка на добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола.
ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес
Врз основа на член 36, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 23, став 3 од Законот за угостителска дејност („Сл.весник на РМ“ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14 и 129/15) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл. гласник“ на Општина Велес бр. 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14),
Советот на Општина Велес на седницата одржана на 29.09.2016 година, донесе ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес
Времен режим за пренасочување на сообраќајот за време на „ПИТИЈАДА 2016“

Поради одржување на манифестацијата „Велешка Питијада“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 09:00 часот на ден 06.10.2016 година па се до 11:00 часот на ден 10.10.2016 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа:
Општина Велес се вклучи во акцијата “Македонија без отпад 2016”

Традиционалната национална акција “Македонија без отпад” во организација на асоцијацијата “Ајде Македонија” и Општина Велес се одржа на 01.09.2016г. со чистење на рекреативниот центар Бабуна. По завршувањето на летната сезона Бабуна не пречека загадена со отпад од пластична амбалажа, остатоци од храна, пакувања и градежен шут.
ОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДРЖУВА СВОЈАТА 57-ТА СЕДНИЦА
СПретседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ja информира јавноста дека на ден 29.09.2016 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи својата 57-ма седница.
За 57-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
Започна распределбата на канти за отпад
Општина Велес за 2016г. набави 1.900 стандардизирани канти за отпад од 120 литри.Од минатата седмица екипите на ЈКП „Дервен“ започнаа со распределба на 1.100 канти за комунален отпад со зелена боја и тоа за жителите и трговските објекти од улиците: „Васил Главинов“, „Гемиџиска“, „Мицко Козар“, „Љубен Весов“, „Кочо Рацин“, „Васа Кошулчева“, „Панко Брашнар“, „АСНОМ“, „Крсте Мисирков“, „Тодор Христов Офицерчето“, „Христо Узунов“, „Васил Ѓоргов“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Димитар Влахов“.
Место за Ваше рекламирање
ОПШТИНА ВЕЛЕС
ОБЈАВУВА
Место за Ваше рекламирање
Врз основа на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес" бр. 4/14), а согласно член 35 од Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 01/13),
Се утврдуваат локации за МЕСТО за ВАШЕ РЕКЛАМИРАЊЕ
Општина Велес има поставено рекламни и информативни паноа кои се наоѓаат на
- На оградата на мостот над Градскиот базен.
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за УПВНМ за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Советот на Општина Велес , на ден 15.09.2016 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија- интензивно одгледување на животни, локалитет “Ново село“, КО Ново село – Општина Велес, кој го донесува Совет на Општина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2016 година
Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело - „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2016 година.
