Соопштенија

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2016 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2016 година.

Повеќе...

ОБЈАВА бр. 2 /2016

ОБЈАВА бр. 2 /2016 

за давање на деловни и административни простории во закуп

со електронско јавно наддавање

(првпат) 

Врз основа на член 2, точка 4, алинеја 1, член 36, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15 и 153/15) Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, објавува закуп на деловни и административни простории од објект на КП 4810 во КО Велес, заведен во Имотен лист бр.31419, сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање. 

Повеќе...

РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (12-18.09.2016 година)

РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (12-18.09.2016 година)
Напомена:
-Граѓаните кои веќе имаат резервиран термин истиот можат да го проверат на телефонскиот број 070/491-040.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Велес објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови
Се известуваат сите правни и физички лица на територијата на Општина Велес дека Градоначалникот распишува Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови.
Јавниот повик ќе трае најмалку 30 дена, односно во перидот од 12.09.2016 год. до 12.10.2016 год.

Повеќе...

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија

Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, дозволете ми на сите граѓани да им го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.
На овој ден, пред точно 25 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.

Повеќе...

ИСПОЛНЕТЕ ЈА ВАШАТА ГРАЃАНСКА ОБВРСКА, ПОДМИРЕТЕ ГО ДАНОКОТ НА ИМОТ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои се даночни обврзници по основ на данокот на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот дека даночната администрација на Општина Велес ги достави решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2016 година.
Општина Велес ги повикува сите даночни обврзници кои при доставата од било кои причини не добиле решение за данок на имот и комунална такса, да дојдат во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, во Општинската зграда и да ги подигнат објавените решенија.“
Доколку граѓаните не ги подигнат решенијата согласно Законот за општата управна постапка ќе се сметаат за уредно доставени.

Повеќе...

РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (05-11.09.2016 година)

РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (05-11.09.2016 година)
Напомена:
-Граѓаните кои веќе имаат резервиран термин истиот можат да го проверат на телефонскиот број 070/491-040.

Повеќе...

Општина Велес Ве поканува на чествување на Денот на независноста на Република Македонија

8-ми СЕПТЕМВРИ – 25 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

  • 7.09.2016 (среда)
    20.00 часот Смотра на староградска песна
    Место: сала „Бели мугри“, ЛУ библиотека „Гоце Делчев“

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 и 129/15), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански комплекс со класа на намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, во м.в. Свилара, КО Оризари вон г.р., Општина Велес
Податоци и информации:

Повеќе...

ОБЈАВА број 3 - за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

ОБЈАВА број 3 - за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

 

Повеќе...

ОБЈАВА: Барање за добивање Б-Интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Барање за добивање Б-Интегрирана еколошка дозвола


Согласно член 122 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е комплетно барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр. 13-4943/1 од 10.08.2016г.

Повеќе...