Соопштенија
ОБЈАВА бр.1 /2016
Врз основа на член 2, точка 4, алинеја 2, член 47 став 2 и член 48, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15 и 153/15) и Одлуката за отуѓување на патнички моторни возила сопственост на Општина Велес бр.27-4800/5,
Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес ја дава следната:
ОБЈАВА бр.1 /2016
за продажба на движни ствари во сопственост на
Општина Велес со електронско јавно наддавање
(прва објава)
ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на административен службеник бр. 01/16
Секретарот на Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ бр. 1 Велес врз основа на член 48 од Законот за административни службеници („Сл. весник на Република Македонија “ бр. 27/14,199/14,48/15,154/15 и 05/16), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-7383/1 од 29.12.2015 год.
Објавува ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на административен службеник бр. 01/16
1.Интерниот оглас, се однесува за пополнување на слободно работно место, по пат на унапредување за работното место:
ПРЕДАДЕНА ПРВАТА ПРАТКА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ преземаат активности за постапување со електричниот и електронскиот отпад согласно обврските од Законот за електрична и електронска опрема и отпад од електрична и електронска опрема, а со цел овој отпад од територијата на општината соодветно да се преземе, транспортира и предаде на овластен постапувач.
По склучувањето на договорот за деловно-техничка соработка помеѓу ЈКП „Дервен“ и „НУЛА ОТПАД“ ДОО Скопје, на 19.08.2016 година е предадена и првата пратка електричен и електронски отпад за 2016г. претежно апарати од домаќинството, мали кујнски апарати, компјутери и ИТ опрема, во количина од 1,3 тони.
Оштетена е урбаната опрема

И покрај напорите на Општина Велес да уреди повеќе површини низ градот со поставување на урбана опрема, за жал, несовесни граѓани неодамна уништиле дел од поставените реквизити за детска забава. Ова е појава со која се соочуваме со години наназад. Вандализмот несакано стана пракса која наместо да биде минато, се почесто ја гледаме на уредените локации.
Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец август
Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 31.08.2016 година (среда) со почеток во 16:00 часот.
ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Велешка Питијада 2016“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата „Велешка питијада 2016“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.
Питијадата ќе биде од изложбен и продажен карактер. Цел на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено ќе им се помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехрамбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Вардарски плански регион и Република Македонија, како и здруженија на сродни производители, стопански комори, ресорни министерства, амбасади, организации и фондации за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, кои ќе бидат поканети да го посетат настанот.
Стартува одделното собирање на картонската амбалажа во централното градско подрачје
Од 1ви Септември 2016г. ЈКП Дервен во соработка со Општина Велес ќе започне со одделно собирање на картонската амбалажа од трговските објекти на улиците: Благој Ѓорев, 8ми Септември, Гоце Делчев, Страшо Пинџур, Алексо Демниевски и Димитар Влахов.
За таа цел ќе биде ангажирано возило кое ќе врши собирање само на картонската амбалажа директно од пред трговските објекти.
Преку едукативен леток кој е веќе дистрибуиран дадени се насоките на постапување - Секоја вечер (освен во недела навечер) во 19.00 часот, вработените во трговските објекти се должни картонската амбалажа да ја спакуваат/преклопат по ивиците и да ја изнесат непосредно пред објектот.
РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (22-28.08.2016 година)
РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ (22-28.08.2016 година)
Напомена:
-Граѓаните кои веќе имаат резервиран термин истиот можат да го проверат на телефонскиот број 070/491-040.
Градоначникот Славчо Чадиев упати честитки по повод 18-ти Август, Денот на Армијат

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија,
Ми претставува големо задоволство да Ви упатам честитки по повод 18-ти Август, Денот на Армијата и да ја изразам мојата почит за придонесот кој што го давате за изградба на Армијата во респектабилна сила, која е гарант за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

