Соопштенија

Соопштение - Второ авионско третирање против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, второто авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 13 јуни (четврток) 2019 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 14 јуни (петок) 2019 год.

Повеќе...

Објава бр.1/2019 за давање во закуп на Градски базeн во сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање

ОБЈАВА бр. 1/2019

 за давање во закуп на Градски базeн во сопственост на Општина Велес,

по пат на електронско јавно наддавање 

Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1 и 2, член 36, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 101/19) Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес согласно Одлука на совет на Општина Велес за утврдување начин на времено користење  на објект сопственост на Општина Велес по пат на електронско јавно наддавање (Градски базен) бр. 25-2226/1 од 03.06.2019, објавува закуп на недвижен имот - Градски базен на КП 1798 заведени во Имотен лист 23410 во КО Велес, сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање.

Повеќе...

Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод празнувањето на Рамазан Бајрам

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните на Велес, на сите сограѓанки и сограѓани со исламска вероисповед ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Повеќе...

Градоначалникот на Гнилање во посета на Општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес беше домаќин на трочлена делагација од Општина Гнилање, Република Косово која беше предводена од г-дин Латфи Незири, градоначалник на Општина Гнилање, Косово.

Повеќе...

Во тек пролетна дератизација

Општина Велес  го започна  спроведувањето на пролетна дератизација на Велес како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Овие мерки се  предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствена заштита за 2019 година.

Повеќе...

Објава за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Општина Велес за следните линии

О Б Ј А В А

за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Општина Велес за следните линии

Повеќе...

Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод Меѓународниот ден на Власите

Почитувани сограѓанки и сограѓани од влашката заедница, Со голема благодарност за вашиот голем придонес од свое лично име, од име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани ви го честитам 23 мај -Меѓународниот ден на Власите.

Повеќе...

Честитка по повод Денот на пожарникарите

Почитувани пожарникари, Со голема благодарност за вашата храброст, пожртвуваност и професионалност, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓанките и граѓаните, ви го честитам 20 Мај, Денот на пожарникарите.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Мини маратонот „Да трчаме, здраво е“

Друштвото на родители за грижа за здраво поколение (ДРГЗП) од Велес, на 18 мај 2019 година (сабота), ќе ја реализира активноста „Да трчаме, здраво е“ по тринаесетти пат.
Учество на мини маратонот „Да трчаме, здраво е“ ќе земат ученици од основните општински училишта од градот, а исто така, настанот е од отворен карактер и на истиот може да се приклучат сите граѓани кои сакаат да спортуваат / рекреираат.

Повеќе...