Соопштенија

Нови правила за заштита на урбаното зеленило

Почитувани сограѓани,

Општина Велес Ве известува дека на 27 јуни годинава стапи на сила новата Одлука за управување со зеленилото на територијата на Општина Велес.

Согласно Одлуката, на дрвјата кои се засадени на јавни површини забрането е лепење на плакати, некролози, поставување на електрични инсталации, поставување на рекламен и пропаганден материјал, поставување на метални држачи и др. предмети (шајки и сл), премази (лепаци, бои, вар и сл.) за да не се предизвикува оштетување, заболување или нагрдување на дрвјата.

Повеќе...

Честитка 2 Август

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес,  Ви го честитам големиот празник Илинден, Денот на Републиката.

Повеќе...

Објава број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

 

ОБЈАВА број 1

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со: 

Повеќе...

Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија - Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП/MSIP-NCB-108-19

 

   1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и          електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

Повеќе...

Јавен конкурс за избор на Директор на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96........635/19) а согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на Директор на ЈКП „Дервен“ Велес, бр. 08-2821/1 од 23.07.2019 година,

Градоначалникот на Општина Велес, распишува

ЈАВЕН  КОНКУРС
за избор на Директор на ЈКП „Дервен“ Велес

Повеќе...

Соопштение - Трето авионско прскање против комарци

СООПШТЕНИЕ  ЗА  ЈАВНОСТ

 

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 13 јули (сабота) 2019 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 14 јули (недела) 2019 год.

Повеќе...

Известување за јавност - градежни активности на улица Ризо Ризов

На ден 08.07.2019 година, Општина Велес во интерес на подобрување на патната инфраструктура, санирање на проблемите настанати како последица на неодамнешните поројни дождови, како и олеснување на комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат на тој дел од градот, започна со реконструкција (бетонирање) на дел од улица Ризо Ризов, во должина од 80м.

Повеќе...

Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Велес

      

          ОБЈАВУВА

 

       Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола

 

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-1182/4 од 01.07.2019г.

 

Подносител на барањето:

Друштво за производство, трговија и транспорт "МИСА-МГ" ДООЕЛ експорт-    импорт Скопје за инсталација за површински коп на минерални суровини: варовник и никел на локалитет “ГРООТ” Велес,

Повеќе...