На 22 и 23 AВГУСТ КЕ СЕ ОДРЖИ 2-РИОТ „ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН”

На велешкото езеро „Младост“ годинава ќе се одржи вториот „Велешки пливачки маратон”. Трката е планирана за викендот на 22 и 23 август.
Денес од страна на градоначалникот Славчо Чадиев и членовите на Организациониот одбор Иле Попов и Роберт Папазов, во јавноста беше најавена претстојната манифестација. Од нивна страна беше истакнато огромно задоволство што се продолжува со овој настан, по минатогодишната успешна реализација на 1-виот „Велешки пливачки маратон” и одличните резултати кои беа постигнати.

Повеќе...

Коњаниците од Илинденскиот марш во Велес

Велес е дел од маршута на Илинденскиот марш што Организациониот одбор на оваа несекојдневна манифестација во чест на најголемиот македонски празник Илинден го реализира по 37-mи пат.

Повеќе...

Се осветлува кружниот тек на влезот на градот

Започна изградбата за осветлувањето на кружниот тек на влезот во градот. Истото ќе го опфаќа делот од патниот правец кон Спомен Костурницата и надолу кон населбата „Речани“ со што во целост ке биде осветлен влезот на градот, а сето тоа ќе придонесе за побезбедно одвивање на сообраќајот.

Повеќе...

Се уредуваат улиците предвидени во програмата „Декада на Ромите”

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев имаше средба со министерот без ресор во Владата на Републука Македонија Неждет Мустава.
По разговорот во кабинетот, тие извршија увид на градежните работи за реконструкција на улиците „Јордан Џурнов“ и „Прохор Пчински“.
За целосната реализација на овој проект кој опфака повеке улици во кои претежно живее население од Ромската заедница , се обезбедни средства во вкупен износ од 2.700.000 денари.

Повеќе...

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА

Општина Велес и Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ Велес по повод 2 Август, Националниот празник на македонскиот народ – 112 годишнината од Илинденското востание и 71 годишнината од Првото заседание на АСНОМ, Ве покануваат на
ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА

Повеќе...

Ново романско пријателство – Делегација на Велес во Хунедоара

На покана на Градоначалникот на Хунедоара Виорел Арион, од 23 до 27 јули годинава Гррадоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев престојуваше во Хунедоара, во регионот Трансилванија, Република Романија. По повод деновите на градот Хунедоара, градоначалникот Чадиев оствари средба со градоначалникот Арион и членови на советот на Општина Хунедоара на која беа разменети мислења околу можностите за понатамошна заедничка соработка.

Повеќе...

Oдбележани 66 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година

Во организација на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“ од Велес денеска пред спомен плочата на загинатите борци во градот беа одбележани 66 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Повеќе...

АСФАЛТИРАН Е ОШТЕТЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ”

Денес беа завршени градежните работи за асфалтирање на оштетениот дел од улицата „Борис Трајковски” и спојот со улицата „Методија Андонов – Ченто”. Последните обилни дождови предизвикаа сериозни оштетувања на овој дел од сообраќајницата, со што реконструкцијата се наметна како неопходна. Во наредниот период ќе продолжат предвидените активности за уредување на просторот на повеќе локации во градот.

Повеќе...

Започна изградбата на новиот кружен тек

Денес во Велес точно на пладне се означи почетокот на изградбата на новиот кружен тек. Подготовките за стартување на проектот „Кружен тек кај Авона“ како што велешани најчесто можат да го лоцираат, направени се согласно со законската регулатива што значи: изготвена е сета потребна документација, сообраќајни проекти и дозволи. На започнувањето со градежните работи, градоначалникот Чадиев истакна дека се чувствува особено горд што се запази предвидената динамика и во зацртаните рокови се отпочна со работа на овој многу значаен инфраструктурен зафат.

Повеќе...

Германската амбасадорка во посета на Општина Велес

Амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер денес имаше работна посета на Општина Велес. На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев ја запозна Алтхаузер со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните.
Двајцата соговорници на средбата ги разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Општина Велес и Амбасадата на Република Германија. Од страна на градоначалникот Чадиев беа презентирани и тековните активности на општината, како и идните проекти што ќе бидат реализирани во 2015 година.

Повеќе...